Иранските власти не му дозволија прелет на авионот на ирачкиот премиер Нури Ал Малики врз нивната територија. Советникот на Ал Малики, Садик Ал Рикаби кој со премиерот отпатува во Јапонија и Јужна Кореја, денеска изјави дека во текот на летот пилотот на ирачкиот авион добил наредба од иранските власти да го напушти нивниот воздушен простор. Авионот потоа слетал во Дубаи, каде бил направен нов план на летање. Засега нема објаснение од иранска страна за постапката.