Иранскиот министер за надворешни работи во тајна мисија во САД? | Свет | DW | 19.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Иранскиот министер за надворешни работи во тајна мисија во САД?

Иранскиот министер за надворешни работи Зариф е во посета на ОН во Њујорк. Инсајдери претпоставуваат дека е во директни преговори со САД и дека треба да договори самит. Наводно не знае ништо за пресретнат ирански дрон

По соборувањето на америкaнски дрон од страна на Иран пред еден месец, американскиот воен брод „УСС Боксер” наводно пресретнал ирански дрон. Тоа го тврди американскиот претседател Трамп. Тој смета дека се работи за провокација од страна на иранската револуционерна гарда, но не можеше да приложи цврст доказ.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, демантира. „Немам информации за загуба на наш дрон”. На прес конференцијата во Њујорк тој делува релаксиран и опуштен. Портпарол на иранската армија изјави дека „сите ирански дронови по операциите во Персискиот Залив се вратени во своите бази”. Од минатата недела министерот Зариф престојува во Њујорк. Официјален повод за патувањето е собирот на Советот за економија и социјала на ООН. Сариф смее да се движи само во тесен радиус околу седиштето на ООН во Менхетен. Аналитичари претпоставуваат дека Зариф во Њујорк работи на договарање самит меѓу Иран и САД. Двете земји веќе 40 години немаат дипломатски односи.

Познавач на американската политичка сцена

Зариф околу 30 години има живеено во САД. Студирал политички и правни науки на универзитетот во Денвер, таму докторирал и од 2002 до 2007 бил ирански амбасадор во ООН во Њујорк. „Ги познава приликите во САД и американската политика мошне добро”, вели Негар Мортазави, иранско-американска новинарка во интервју за ДВ. „Во Њујорк сега се обидува да ги намали тензиите. Изгледа сериозно бара дипломатски канал”.

Iranische Drohne Shahed-129 (picture-alliance/AP Photo/E. Noroozi)

Ирански дрон - Техеран демантира наводно соборување

Според информации на американскиот портал Политико во САД републиканскиот сенатор Ренд Пол добил согласност од претседателот Трамп да се залага за подобрување на иранско-американските релации. Пол предложил средба со Зариф за во име на претседателот да ја ублажи високоексплозивната ситуација меѓу САД и Иран. „Можно е да се сретнат. Ренд Пол е против оружан конфликт со Иран. Ни претседателот Трамп не сака војна со Иран”, смета Мортазави.

Повеќе: 

Дозирана ескалација во Персискиот Залив

Може ли уште да се спаси атомскиот договор со Иран?

САД-Иран: Никој не сака војна

Обиди за приближување и покрај максималниот притисок

Сепак американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон се тврдокорни луѓе кои не се плашат од воени интервенции. Двајцата се залагаат за политика на максимален притисок. Нивните јавни изјави се во насока на поддршка за промена на режимот во Техеран. „Министерот за надворешни работи Зариф добро го знае тоа и се обидува преку многу интервјуа во медиуми на англиски јазик да испрати порака за подготвеност за преговори директно со Доналд Трамп," вели Мортазави. Додуша највисокиот ирански духовен водач, ајатолахот Али Камнеи пред еден месец изјави дека преговори со САД се неповолни и нема да донесат ништо корисно. „Сепак е разбирливо тоа што Иран и САД преговараат зад затворени врати", верува Камран Матин, научен соработник за меѓународни односи на Универзитетот во Сасекс, Англија во интервју за ДВ. И за време на 13- годишните преговори за Атомскиот договор имаше директни преговори но и тајни средби, ја оправдува Матин својата теза. Али Акбар Салехи, шеф на иранските атомски власти, во 2018 година јавно кажа дека имал директни разговори со САД, но „само со дозвола од религиозниот лидер, ајатолахот Али Камнеи, и единствено на темата атомска програма", додава тој.


 

DW.COM

Реклама