Инцидент во Хаг: Воениот злосторник Праљак испи отров во судот | Свет | DW | 29.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инцидент во Хаг: Воениот злосторник Праљак испи отров во судот

Драматичен инцидент при последното изрекување пресуди на Хашкиот трибунал на шестмината лидери на т.н. Херцег-Босна- еден од обвинетите, Слободан Праљак, наводно испил отров.

Слободан Праљак, откако Хашкиот трибунал му изрече пресуда од 20 години затвор, наводно испил отровна течност. Претставник на Трибуналот попладнево соопшти дека 72-годишниот Праљак е жив и му е пружена медицинска нега, за неговата состојба не се соопштени други детали. Неговата адвокатка соопшти дека нејзиниот клиент Праљак зел отров, по што претседавачот на Судот ја прекина седницата.

По соопштувањето на пресудата, Праљак извика: „Слободан Праљак не е воен злосторник, ја отфрлам пресудата“. Потоа почна да пие течност од мало темно шише. Присутните во салата не можеле да видат дали тој потоа паднал, но неговата одбрана, како и судијата реагираа вознемирено.

За време на војната во БиХ (1992-1995), Праљак беше воен командант на босанските Хрвати.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал за злосторства во поранешна Југославија  во претходниот тек на седницата денеска потврди дека постоел „злосторнички потфат“ на т.н. „босанско-херцеговска шесторка“ и на Јадранко Прлиќ (58), поранешен премиер на тогашната самопрокламирана независна држава Херцег- Босна му ја потврди казната од 25 години затвор. Најавено е дека седница, сепак ќе продолжи во текот на денов.

Haager Tribunal Urteil Kroaten aus Bosnien und Herzegowina (Getty Images/AFP/J. Buller)

Обвинетата шесторка од Херцег Босна во судот во Хаг

Со изрекувањето на второстепената правосилна пресуда на лидерите на Херцег-Босна за злосторства над Бошњаците и обид за прекројување на државата Босна и Херцеговина, Хашкиот трибунал ќе ја заврши својата мисија по 24 години постоење. Хашкиот трибунал на ОН за воени злосторства во бивша Југославија е прв меѓународен суд за воени злосторства во Европа по 1945 година. Екс-српскиот водач Радован Караџиќ беше израчен на Трибуналот во 2008 годин, а во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, меѓу другото и за геноцидот во Сребреница. Воениот командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ беше уапсен во 2011 година, а минатата недела му беше изречена казна доживотен затвор.

 

DW.COM

Реклама