Инцидентот во Стокхолм е терористички напад, има жртви и повредени | Свет | DW | 07.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инцидентот во Стокхолм е терористички напад, има жртви и повредени

Шведската безбедносна агенција потврди дека инцидентот во кој камион влета во продавница во Стокхолм е квалификуван како напад. Потврдени се две жртви, и голем број повредени. Затворени се центарот на градот и метрото

Шведскиот премиер Штефан Лофвен предмалку изјави дека сѐ упатува на тоа дека влетувањето на камион во продавница во центарот на Стокхолм е „терористички напад“. Претходно и државната безбедносна агенција соопшти дека го третира инцидентот како напад.

Досега е официјално потврдена смртта на две лица, но репортери на теренот велат дека виделе најмалку три жртви. Има и „голем број повредени“, според полициските портпароли. Едно лице е уапсено, но нема детали за неговата улога во нападот.  

Гледај видео 00:43

Терористички напад во Стокхолм


Издадено е предупредување за движење во центарот на градот и затворена е подземната железница. Наредена е и евакуација на главната железничка станица во градот. 

Шведските медиуми јавуваат дека камион се забил во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Камионот бил украден претходно во текот на утрото. 

Шведските медиуми тврдат дека се слушнале и истрели од огнено оружје.
На социјалните мрежи кружат бројни фотографии и видеа од луѓе како бегаат од местото на нападот и кои покажуваат зголемено полициско присуство во градот.

Над Стокхолм надлетуваат хеликоптери, а сирените на полициските возила се слушаат насекаде, велат очевидци. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама