Највисока инфлација во еврозоната во последните 13 години | Економија | DW | 01.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Највисока инфлација во еврозоната во последните 13 години

Инфлацијата во еврозоната се искачи на највисоко ниво во последните 13 години. Во Германија поскапувањата се уште повисоки.

Цените во еврозоната во септември годинава биле за 3,4% повисоки со споредба со претходната година, соопшти денеска европската служба за статистика, Евростат.

Во август годинава тој пораст изнесуваше 3%. Ваква инфлација последен пат е забележана во 2008 година.

Она што е особено поскапено во септември 2021-ва е енергијата. Таа е за дури 17,4% поскапа во споредба со лани. Цените на индустриските добра се зголемени за 2,1%. Зголемување на цените се забележува и во делот на животните намирници - храната, алкохолот и тутунот се поскапени исто така за 2,1%. Услужните дејности пак се поскапи за 1,7%.

Инфлацијата во Германија е уште повисока од просекот во еврозоната и во септември изнесувала 4,1%, соопшти германскиот Сојузен уред за статистика. Тоа е најголемо поскапување од крајот на 1993-тата година.

Symbolbild Konsum, Einkaufen, Löhne, Kaufkraft

Животните намирници во еврозоната се поскапени за 2,1%

Европската централна банка (ЕЦБ) среднорочно стреми кон поскапување од 2%. Веќе во јули годинава инфлацијата изнесуваше 3% и беше видливо над целта на ЕЦБ. Голем дел од актуелното зголемување на цените се должи на последиците на корона-кризата, велат од ЕЦБ.