Инфлацијата во Венецуела огромна, луѓето ограбуваат супермаркети | Економија | DW | 09.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Инфлацијата во Венецуела огромна, луѓето ограбуваат супермаркети

Стапката на инфлација во Венецуела се искачи на 2616%, процени парламентот во земјата.

„Ние сме единствена земја во светот со хиперинфлација“, изјави венецуелскиот пратеник Рафаел Гузман пред Комисијата за финансии во парламентот. Владата на Венецуела со години не објавува извештаи за стапката на инфлација. Меѓународниот монетарен фонд за 2017 година прогнозираше стапка на инфлација од 652%, а за 2018 година се проценува дека инфлацијата ќе изнесува 2350%.

Венецуела со години е во тешка економска криза поради корупција и релативно ниска цена на нафтата. Земјата нема девизи за се снабдат храна и други производи за секојдневна употреба. Според повеќе рејтинг агенции Венецуела е веќе делумно банкротирана држава. „За хиперинфлацијата е одговорна централната банка. Таа печати пари за да ја финансира и натаму владата“, изјави претседателот на Комисијата за финансии во парламентот, професорот по економија Хозе Гера.

Гледај видео 00:32

Грабежи во супермаркетите во Венецуела

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама