Интервју Вања Јосифовски: На Македонија и е потребен силен образовен систем | Теми | DW | 06.12.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Интервју Вања Јосифовски: На Македонија и е потребен силен образовен систем

Вања Јосифовски е главен истражувач од областа на рекламирањето, собирање информации, пребарување, вештачка интелегенција и бази на податоци. Работел на водечки позиции во Yahoo, Google, IBM… Во моментов е технички директор во Airbnb

Гледај видео 07:29

Вања Јосифовски е главен истражувач од областа на рекламирањето, собирање информации, пребарување, вештачка интелегенција и бази на податоци. Овој Македонец. работел на водечки позиции во Yahoo, Google, IBM… Од 2015 тој е именуван за прв технички директор (CTO) на друштвената мрежа Pinterest, а актуелно Јосифовски работи на истата позиција во Airbnb каде со својот тим го предводи развојот на техничката визија и насоката на можностите на платформата. 

„Јас дојдов во овие компании во фаза кога компаниите беа пред излегување на берза. Во таа фаза компанијата мора да научи како да се функционира како компанија на берза и мислам дека тој период е многу интересен. Тоа е период на растење, драматичен период во фирмата и понекогаш мора да се најде решение за многу проблеми. Како технички директор сум одговорен за техничката стратегија на фирмата, за технологијата да функционира и денеска, но и неколку години од сега. 

Јосифовски средното образование го завршува во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и во Соединетите држави. Дипломира на Универзитетот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, магистерските студии ги завршува на Универзитетот во Флорида, а докторирал на Линколинг Универзитетот во Шведска. 

„Јас од Македонија отидов во далечната 1987 година, но мислам дека додека растев во Македонија имав услови, имав пристап до луѓе со знаење на математика и технологијата во тоа време. Инспирација за учење никогаш не недостасуваше. Така што не беше толку важно колку Македонија беше технички развиена во тоа време, колку што беше важно дека имаше средина во која бев инспириран како човек и професионалец“, вели тој. 

Скоро секој посетител кога пребарува на овие интернет мрежи гледа нешто креирано од Јосифовски и неговиот тим. 

„Ние сега имаме глобална економија односно секој може да работи од секаде и мислам дека на Македонија и треба стратегија да го искористи тоа и да создаде работна сила која би можела да се вклучи во таа глобална економија, секако со знаење. Мислам дека еден силен образовен систем, почнувајќи од наука, математика, па дури и курсеви за едукација од областа на програмирањето би и донело многу на земјата“, заклучува Вања Јосифовски во разговорот за Дојче Веле.

Прочитај го и ова