Иницијативата на Софија оценета позитивно | Македонија | DW | 30.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иницијативата на Софија оценета позитивно

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски позитивно одговори на писмото од бугарскиот колега Николај Младенов, во кое тој побара подобрување и подигнување на нивото на меѓусебните односи.

default

Никола Попоски, министер за надворешни работи на РМ

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски го поздрави писмото од неговиот бугарски колега Николај Младенов во кое официјална Софија побара подигнување на нивото на односите меѓу двете држави, но и постави услови за натамошна поддршка.

„Тоа што го видов како доминантна линија во пораката што беше упатена од страна на Софија е дека ги пресретнуваат оние иницијативи кои ги поднесовме, од аспект на формирање работни групи, од аспект на директно справување со определени прашања кои можеби не обременувале во минатото. Таа идеја е пресретната и нивниот предлогот е да го подигнеме нивото на посветеност и да го подигнеме нивото на комуникација, не само на технички работни групи, туку и на владино ниво. Не сметам дека нешто од тоа може да биде штетно, сосема спротивно, мислам дека таков еден пристап може да ни понуди и дополнителни можности за потврдување од една и друга страна за тоа колку сме посветени на европските интеграции. Не гледам причина зошто Република Бугарија би го сменила пристапот што го има потенцирано во тоа писмо дека секогаш во битни моменти стоела зад европската и евроатланската интеграција на Македонија“, вели Попоски.

Младенов преку писмо до Попоски во средата (28.11) предложи Македонија и Бугарија да потпишат договор за добрососедство, да се работи на развојот на инфраструктурата меѓу двете земји и да се воспостават меѓувладини седници на годишно ниво.