Индија си игра со оган | Свет | DW | 06.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Индија си игра со оган

Владејачката партија во Индија го исполни предизборното ветување дека ќе го укине автономниот статус на Џаму и Кашмир. Тоа е ризичен потег, но зад него стои јасно рацио, коментира Родион Ебигхаузен

Владејачката индиска Баратија Џаната партија (БЏП), под раководство на премиерот Нарендра Моди, во понеделникот го исполни старото предизборно ветување. Го укина делот од Уставот кој им дава специјална автономија на регионите Џаму и Кашмир. Предложен е и нов закон во парламентот со кој земјата треба да се подели на два региони директно управувани од Њу Делхи.
Индиската влада добро знае колку е опасен овој потег. Тој може да ги распламти децениите насилство во регионот кој беше погоден од тероризам, полициска бруталност и нарушувања на човековите права од сите страни. Во деновите пред објавата беше јасно дека Њу Делхи очекува да се случи вакво нешто. Беа повикани Хинду верниците да го напуштат регионот, беа испратени десетици илјади војници, и беа прекинати комуникациите во регионот неколку часа пред контроверзната одлука.

Одлуката ќе го разлути муслиманското мнозинство во Кашмир и тамошните политички претставници. Постоеја внимателни обиди да се промовира дијалог меѓу двете страни во минатото- но по владината одлука такво нешто станува невозможно.

Ebbighausen Rodion Kommentarbild App

Родион Ебигхаузен

Емотивното прашање за Кашмир веројатно ќе го поларизира политичкиот дискурс. Веднаш по објавата на БЏП, индиската опозициска Конгресна партија го оцени истиот како „катастрофален чекор“. Но, БЏП ќе знае како да го искористи ова. А Индијците ќе се најдат пред дилемата: дали да ја поддржат својата земја или кашмирскиот сепаратизам. Политичкиот дискурс по ова прашање е одамна загубен и претворен во црно-бела слика.

Што добиваат популистите?

БЏП очигледно сака да ја плати цената за обновеното насилство, целосно отуѓувајќи го Кашмир и наметнувајќи поларизација. Но зошто?

Најпрво, партијата верува дека може да спречи избувнување насилство со распоредување на бројни воени сили. Второ, партијата е убедена дека со поддршката за хиндусите и хиндуизмот може да постигне стабилност- иако таквата стабилност ќе биде базирана врз закана. И конечно, политичката поларизација им одговара на популистичките хинду националисти.

 

DW.COM

Реклама