Лето, сонце - четврти бран на коронавирусот? | Информации и анализи за Германија | DW | 18.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Лето, сонце - четврти бран на коронавирусот?

Прекрасното време мами. Пандемијата сè уште не е завршена. Како германската политика гледа на опасностите од можен четврти бран на пандемијата предизвикан од индискиот сој на вирусот? Што се презема во таа насока?

Раното жешко лето со температури над 30 Целзиусови степени предизвикува убаво расположение кај Германците. Бројот на случаи на Ковид-19 значително е намален: веќе нема 5.000 или повеќе критично болни на одделите за интензивна нега, туку малку над 1.000. Бројот на нови инфекции е намален, вредноста на инциденцијата е малку повеќе од 10.

Поради тоа, мерките во земјата се ублажуваат. Повторно е можно да се купува во сите продавници без тестови, како и посетата на угостителските објекти на терасите, дури на некои места е дозволено и танцување во клубови, исто така, е дозволено и масовно гледање на Европското првенство во фудбал. Но, пандемијата не е завршена.

Загриженост поради индискиот сој

Институтот Роберт Кох (РКИ) како национален здравствен орган во својот неделен извештај за ширењето на мутациите на вирусот пишува дека таканаречената Делта-мутација, која за првпат е откриена во Индија, се шири и во Германија. Според експертите, таа се смета за позаразна од претходните соеви на вирусот. Во Велика Британија, бројот на инфекции повторно се зголемува, а обемното олабавување на мерките е одложено за еден месец.

Infografik Karte Erfasste Fälle der Delta-Variante weltweit EN

Пријавени случаи на индискиот сој на коронавирусот во светот

Повеќе: Делта-варијантата го принуди Џонсон да кочи

Делта-варијантата во моментов е присутна кај околу 6 насто од заразените во Германија - пред четири недели беше само два отсто. Во бројки, според РКИ има 880 случаи, повеќето од нив се од возрасната група под 60 години. Од РКИ предупредуваат дека може да се очекува поголем процент на заразени со индискиот сој.

Што прави политиката?

Политичарите исто така сметаат дека заканата не е надмината. Така, на состанокот на покраинските министри за задравство со сојузниот ресорен колега Јенс Шпан  беше одлучено да се изготви концепт за подготвеност за центрите за вакцинација што гарантира постојано работење со низок интензитет, за да се осигура дека, ако е потребно, тие брзо да можат да се вратат на висок интензитет на работење.

Втора важна точка беа одредбите за условите за влез во земјата, особено сега, на почетокот на главната сезона на летни патувања. Тука сè уште важи следново: Секој што доаѓа од ризичен регион мора да оди во карантин - или да има негативен тест. Во таканаречените „региони со сој на вирусот“ - како што се Индија и Велика Британија во моментов - има дури и 14-дневна обврска за карантин, која не може да се скрати дури и со негативен тест.

Повеќе: Германија ја стави С. Македонија на зелената листа за патувања

Секој државјанин од земјите од неризичните региони кој сака да патува во Германија од странство со авион, од 25 јуни мора да прикаже доказ за целосна вакцинација со во Германија одобрените вакцини ( Бионтек/Фајзер, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон) или биде тестиран негативно пред поаѓањето. Се признаваат како ПЦР, така и антиген-тестовите. За разлика од минатото лето, сега има доволно тестови за тоа, рече Шпан. РКИ објавува ажурирана листа на ризичните региони на својата веб-страница.

Што е со маските и училиштата?

Многу Германци секако се заинтересирани за прашањето: Ќе „паднат“ ли маските или не? Имено во многу места во земјата веќе не треба да се носи заштитна маска на прометни шопинг улици. Но, затоа мора да се носи во автобус или во воз. „Маските ќе бидат со нас некое време“, рече Шпан. Сега започнува „фаза со многу одговорност“ едни за други. Колку повеќе луѓе се собираат на мал простор, толку поголема треба да биде подготвеноста да се носи маска. Затоа што сè уште не може да се понуди вакцинација за секого.

Повеќе: Постепено укинување на обврската за носење маски во Германија

Прашањето како ќе продолжат работите во училиштата веројатно е незгодно. Во Германија, училишниот распуст се протега од јуни до септември, во зависност од покраината. За децата под 12-годишна возраст, според препораката на „Постојаната комисија за вакцинација“, нема да има вакцинација, додека за децата меѓу 12 и 16 години досега е одобрено вакцинирање со Бионтек/Фајзер.

Сојузниот и покраинските министри за образование и култура пак штотуку одлучија дека од есен треба да се понуди целосна настава во училница, односно да нема повеќе онлајн настава. Сепак, треба да се задржат практикуваните хигиенски правила. Но, генерално, децата и младите не се „движечка сила“ во пандемијата, сметаат министрите. Ова, меѓутоа, не е сосема неспорно.

Нов локдаун наесен?

Останува прашањето: Ѝ се заканува ли на Германија нов, четврти бран на пандемија со нов локдаун наесен? Веќе има политичари, како здравствениот од редовите на СПД, Карл Лаутербах, кои стравуваат од тоа. Во телевизиски настап, тој сојот Делта го опиша како значително позаразен и поопасен во однос на тешките случаи на Ковид-19 и делумно резистентен на вакцините, кај оние кои се вакцинирани само еднаш. Но, тој се надева дека нема да има „толку голем бран, бидејќи многумина веќе се вакцинирани двапати“.

Но, во моментов има лоши вести за планот за вакцинација. Германската вакцина КјурВак се покажа како недоволно ефикасна во првичните анализи. Кај останатите производители и натаму има неизвесност, поради тоа што постојано може да се појави застој на производството.

Гледај видео 01:22

Како Германците се справуваат со „неомилениот“ полициски час?

Големата стапка на вакцинација е многу важна

Во моментов, речиси секое трето лице во Германија е вакцинирано барем еднаш, а секое четврто има примено две дози. Од неодамна темпото на вакцинација се засили. Мора да остане така, нагласува Гернот Маркс, претседател на интердисциплинарното здружение за интензивна нега и итна медицина.

Личното однесување е, исто така, важно.„ Ако многу луѓе се невнимателни, би можело наесен да се појават поголем број инфекции, можен е и четврти бран“, стравува Маркс.

Сè уште постои ризик дека би можело да има многу посериозно болни и смртни случаи. Меѓу виролозите широко е распространето мислењето дека пандемијата нема да исчезне целосно. Ковид-19 ќе стане „нормална“ болест како и секоја друга. Наесен може да биде неопходна и уште една вакцина. Поради тоа политичарите одлучија да не ги затвораат сите центри за вакцинација.

Поврзана содржина