Има ли СДСМ кондиција за пресметка со власта? | Македонија | DW | 10.05.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има ли СДСМ кондиција за пресметка со власта?

Без пари и медиуми, СДСМ не може да се наметне како сериозна алтернатива на власта. Партијата има субјективни слабости и е дел од европскиот тренд на криза во левицата, сметаат дел од експертите.

default

За ваквото размислување на експертите, социјалдемократите велат дека се подготвени на специјални мерки за борба против власта. СДСМ има послаб рејтинг од владеачката ВМРО ДПМНЕ и по шест години минати во опозиција. Аналитичарите кои ги анкетираше Дојче веле велат дека СДСМ не делува уверливо и затоа неможе да се наметне како алтернатива кај гласачите, кои се незадоволни од владеењето на актуелната гарнитура.

Спасов: Без концепт за опозициско делување

Има голем број причини за незадоволство, но опозицијата барем досега не успеа грешките на власта да ги претвори во поени за себе, вели некогаш истакнатниот социјалдемократ, а денес аналитичар, Ѓорги Спасов.

“Ако ги прашате нив веројатно ќе ви кажат дека тие се однесуваат само внимателно и одговорно во услови на зголемени етнички тензии и социјални напнатости. Меѓутоа, оставаат впечаток дека немаат ниту концепт, ниту идеја како да делуваат како опозиција. Тие сега се однесуваат како да се во илегала. Немаат средства за финансирање на партијата, немаат медуими низ коишто би можеле да го пласираат сопственото влијание и покажуваат состојба на целосна рамнодушност кон сите коишто настрадаа поради силното критикување на власта, што во основа ги дискредитира во очите на најборбените редови во опозицијата“, објаснува Спасов.

SDSM Gebäude in Mazedonien

СДСМ нема ниту пари, ниту медиум преку кој би ги пласирал ставовите

Ордановски: Левицата е во криза насекаде во Европа

Левицата е во криза во цела Европа, вели политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во обид да ја објасни позицијата на СДСМ со европските трендови. Во повеќето европски земји десницата е на власт со години. Партиите од левицата не успеваат да ги насочат работите во своја полза. Но, дали постојат и други субјективни причини за ситуацијата во која се наоѓа СДСМ?

“Се разбира дека постојат и други субјективни слабости, јас не мислам дека целиот проблем лежи во европската левица. Проблемот на СДСМ е структурен, идеолошки и не е само проблем на персона. Кај нас се разбира има и проблем со лидершипот, водството, раководството на СДСМ, но мислам дека тој проблем многу полесно би се решил доколку не постои овој другиот проблем“, објаснува Ордановски.

Георгиев: Со специјални мерки против власта

Branko Crvenkovski Radmila Sekerinska Zoran Zaev Wahlkampagne Parlamenstwahlen SDSM,

Проблемот во СДСМ е и во раководството, но и во структурата

По поразот на ланските избори во јуни СДСМ најавуваше жешка есен, потоа бурна пролет, но засега не е сменето ништо во нивното делување. Потпретседателот на СДСМ Гордан Ѓеоргиев вели дека партијата е жесток критичар на власта во Собранието како место за дебата и оти партијата е подготвена и за порадикални чекори.

“Во една ненормална демократија каде што неможат да се исцрпат овие легитимни средства на парламентарна борба, прес конференции, протести, граѓански незадоволства, треба да се применат специјални мерки. Факт е дека во оваа држава, каде што граѓанството, неопределените, независните интелектуалци, професорите на факултет, бизнисмените молчат затоа што се плашат да кажат нешто против оваа власт, СДСМ е единствена точка на потпора која има храброст да се спротистави на оваа власт“, објаснува Георгиев.

Првиот вистински тест на рејтингот се локалните избори што треба да се одржат за една година. ВМРО ДПМНЕ е сконцентриратана на “Новиот бран“, а СДСМ на обидите да ја окрупни опозицијата.

Поврзана содржина

Реклама