Има ли надеж за Балканот? | Свет | DW | 16.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли надеж за Балканот?

Балканските држави страдаат од слаби економии и политички непотизам. Многу добро образовани луѓе си заминуваат во странство и со тоа ја влошуваат состојбата, пишува денеска „Зиддојче цајтунг“.

Весникот „Зиддојче цајтунг“ преку текстот на Флоријан Хасел под наслов „Само што подалеку одовде!“ ја третира темата иселување на луѓето од Балканот - во потрага по работа и заработувачка.

„Ниски плати, висока невработеност, малку иновации и распространет непотизам ги тераат младите луѓе на Балканот да ги напуштат своите земји. Тој чекор има паѓа дотолку полесно што до економски силни земји како Германија и Австрија се стигнува брзо. Тој чекор е фатален за нивните татковини, затоа што работоспособно население на Балканот има сѐ помалку. Никаде во Европа, мерено според број на жители, не емигрираат толку млади и најдобри како што е тоа случај со земјите од поранешна Југославија, Албанија и Грција, Бугарија и Романија […]“

Весникот ја пренесува проценката на професорот Владимир Гречиќ од белградскиот универзитет, според кој денес 3,5 милиони Срби живеат во странство, а темпото на иселување се зголемува: во 2014 година својата земја ја напуштиле 58.00 Срби - двојно повеќе отколку во 2007 година.

„Тоа се должи и на големата невработеност на младите. Секој четврт млад Хрват, а дури секој втор Грк или Македонец, се без работа. На Косово од тројца млади, само еден работи. Пазарите на работна сила се крути и им служат пред сѐ на постарите, на оние кои веќе имаат некаква рбаота, често во државна служба.“

Посветувајќи голем дел од текстот на опис на состојбата во Србија, затворените фабрики, ниските плати  и политичкиот непотизам, авторот Флоријан Хасел заклучува:

„Во другите балкански држави како Романија, Босна и Херцеговина или Македонија политичкиот непотизам е исто така раширен и дополнително го поттикнува иселувањето. Меѓународниот монетарен фонд во 2016 година излезе со студија за иселувањето, во која се заклучува дека има 'значајна негативна поврзаност' меѓу квалитетот на владеење и иселувањето. Борбата против корупцијата, правната држава и другите особини на доброто владеење во Југоисточна Европа се 'чувствително послаби' отколку, на пример, во Централна Европа или на Балтикот, а иселувањето на добро обраозваните млади луѓе е значително поголемо“, се вели во текстот на „Зиддојче цјатунг“.

DW.COM

Реклама