Илјадници повредени во страотна експлозија во Бејрут | Свет | DW | 04.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Илјадници повредени во страотна експлозија во Бејрут

Разорна експлозија го потресе денеска главниот град на Либан, уништувајќи голем дел од пристаништето и околните згради. Најмалку 50 луѓе загинаа во експлозијата, а над 2,700 се повредени.

Часови по експлозијата амбулантни возила се уште ги изнесуваат повредените, додека воени хеликоптери се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои беснеат на пристаништето. Ненадејната катастрофа е уште еден тежок удар за земјата која страда под налетот на пандемијата на коронавирусот и долгогодишната економска криза. Болниците во Бејрут брзо ги пополнија капацитетите и апелираат за донации во крв и генератори за да ја одржат електричната енергија.

Причината за експлозијата се уште не е позната.

Првиот човек на безбедноста во Либан, Абас Ибрахим изјави дека е можно да експлодирал експлозивен материјал кој бил конфискуван од брод пред извесно време и бил чуван во пристаништето. Локалните телевизии јавуваат дека се работело за содиум-нитрат.

Очевидци велат дека забележале чуден портокалов облак над местото на експлозијата. Такви облаци често пати се придружен елемент на експлозии на азот диоксид.

Libanon | Gewaltige Explosion in Beirut (picture-alliance/dpa/M. Alaeddin)

Уништени објекти во близина на пристаништето во Бејрут


Експлозијата била почувствувана и слушната и на Кипар, оддалечен 200 километри од Либан.
„Тоа беше вистинско хорор шоу. Не сум видел нешто такво уште од времето на граѓанската војна“, вели Марван Рамадан, кој се наоѓал на 500 метри од пристаништето и бил кутнат на земја од ударот на експлозијата. Очевидци велат дека најпрво се слушнала мала експлозија- како пукање на петарди, а потоа следувала разорна експлозија.

Libanon | Gewaltige Explosion in Beirut: Verletzte werden getragen (picture-alliance/AA/H. Shbaro)

Цивили изнесуваат повредени од местото на експлозијата

Министерот за здравство Хасан Хамад изјави дека досега се регистрирани 50 загинати и над 2,700 повредени во експозијата. Под урнатините од објектите на пристаништето се уште се наоѓаат голем број луѓе, а на улиците лежат повредени.

Реклама