Израел ќе гради населба на Западниот брег | Свет | DW | 28.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ќе гради населба на Западниот брег

ЕУ и Русија остро ги критикуваа израелските планови за изградба на нова населба на Западниот брег.

Ехуд Олмерт

Ехуд Олмерт

Изградбата е спротивна на меѓународното право и ги спречува напорите за решение на проблемот, соопшти финското претседателство со ЕУ. Американското министерство за надворешни работи соопшти дека Израел со изградбата на населбата ќе го повреди мировниот план на блискоисточниот квартет, во кој се бара запирање на изградбата на населби на Западниот брег. Вчера, Израел донесе одлука за делумно откажување од договореното примирје за појасот Газа.

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, по итната седница со воениот врв на Израел и соопшти на владата дека ќе се продолжи со целни напади врз Палестинците, поради нивните ракетни напади. Во последните недели од појасот Газа врз Израел се истрелани повеќе од 60 ракети, и тоа и покрај договореното примирје меѓу Израелците и Палестинците, на крајот на ноември. Во вторникот, од една ракета која падна во градот Здерот, беа тешко ранети две 14 годишни момчиња. Поради огромниот притисок на јавноста, израелскиот премиер, Олмерт, заедно со претставниците на безбедносните сили и најважните министри донесе одлука повторно да се почне со целни напади. Министерот за одбрана, Ефраим Снех, објасни:

“Владата се реши да води политика на воздржаност, би рекол, тоа беше речиси целосна воздржаност. Ваквата политика ја изменивме. Денеска донесовме одлука да почнеме повторно со целни напади против оние кои пукаат. Против нив се неопходни акции, а паралелно со тоа треба да се бараат посеопфатни решенија за проблемот на Газа. Таквите решенија можат да се постигнат само истовремено со воени, економски и политички средства. “

На опозицијата во израелскиот парламент тоа не и е доволно. Шефот на Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, бара масивна воена акција против екстремистите во појасот Газа.