Немири во Ерусалим | Свет | DW | 08.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Немири во Ерусалим

На последниот петок од месецот на постот Рамазан, во Ерусалим дојде до судири помеѓу Палестинците и израелската полиција. САД повикуваат на умереност.

Во безредијата на Ридот на храмовите во Ерусалим се повредени повеќе од 200 Палестинци, соопшти Црвената полумесечина. Повредени се и најмалку шест израелски полицајци. По вечерната молитва, кога на светилиштата се собраа десетици илјади муслимани, стотици лица фрлаа со камења, шишиња и други предмети кон полицијата. Полицајците ги затворија влезовите кон Ридот на храмовите, како и Дамаската порта кон старото градско јадро, и против толпата пред џамијата Ал Акса употребија гумени куршуми и заслепувачки гранати.

Ost-Jerusalem Proteste von Palästinensern

Протести на Палестинци кај џамијата Ал Акса во Ерусалим (7.05.2021)

Истовремено, во квартот Шеик Џарах, Палестинци и активисти излегоа на улиците во знак на протест против планираното принудно иселување на палестински семејства во источниот дел на Ерусалим кој по т.н. Шестдневна војна во 1967 година е во рацете на Израел и е анектиран во 1980 година. Анексијата не е меѓународно призната. Полицијата го растури собирот откако учесниците почнале да фрлаат со камења. Две лица се уапсени, две други се повредени од заслепувачки гранати.

На почетокот на годинава општинскиот суд во Ерусалим донесе одлука дека куќите на палестинските фамилии законски им припаѓаат на еврејски фамилии. Според израелското право, еврејските Израелци можат да поднесат барање во суд за поседување куќа во источен Ерусалим доколку нивните предци таму имале имот пред арапско-израелската воја (1949-49). За Палестинците, кои исто така го загубиле својот имот поради војната, нема таков закон.

Повеќе:

Мировниот план на Трамп - ни план, ниту мировен

Отворањето на американската амбасада го подели Ерусалим

Ерусалим: „Бакнеж на смртта“

Обединетите нации го повикаа Израел „веднаш да запре со принудното иселување“. Источен Ерусалим е „дел од окупираните палестински територии во кои важи хуманитарното меѓународно право“, објасни портпаролот на канцеларијата на ОН за право, Руперт Колвил. „Окупаторската сила не може да конфискува приватен имт на окупирана територија“, вели тој.

САД изразија „длабока загриженост“ поради состојбата во Ерусалим. Министерството за надворешни работи, со оглед на принудното иселување, повика на „деескалација“ и предупреди да не се преземаат чекори кои би можеле да доведат со заострување на ситуацијата.

Палестинското раководство го обвини Израел за ескалација на насилството. Продолжување на израелската окупација само би ги заострило тензиите и би можело да има за последица опасна ескалација, соопшти претседателот на Палестинците, Махмуд Абас.

Статусот на Ерусалим е едно од централните спорни прашања во блискоисточниот конфликт. Израел го смета за свој „вечен и неделив главен град“, додека Палестинците се држат до Источен Ерусалим како свој главен град.