Израел излегува од УНЕСКО на крајот на 2018 | Свет | DW | 30.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Израел излегува од УНЕСКО на крајот на 2018

Во октомври Израел го најави повлекувањето од Организацијата за култура на ОН. Сега е одреден и точниот термин. Израелската влада испрати соодветно писмо со седиштето на УНЕСКО во Париз.

Шефицата за образование, наука и култура (УНЕСКО) во Обединетите нации изрази „длабоко жалење“ поради одлуката на Израел да се повлече од оваа агенција. оопштувајќи дека добила службено известување од владата на Израел дека се повелекува од агенцијата од 31 декември 2018 година, што е најавено на 12 октомври 2017 година, генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, изрази жалење, велејќи оти била уверена оти  „во УНЕСКО, а не надвор“ од оваа агенција постои можност за решавање на разликите во мислењата, соопштено е од ОН.

Повеќе на темата:

-САД се повлекуваат од УНЕСКО

-Израел откажа мисија на УНЕСКО поради „политизација“

-САД и Израел без право на глас во УНЕСКО

„На Израел, како членка на УНЕСКО од 1949 година, местото му е во агенцијата на ОН која е посветена на образование, наука и култура“, рече Азуле, додавајќи дека на Израел местото му е во иституцијата посветена на заштита на слободата на изразување, спречување на сите видови антисемитизам и расизам која разви единствена програма за образование за холокаустот и превенција на геноцид.

Frankreich Audrey Azoulay soll neue Unesco-Chefin werden (picture-alliance/dpa/Chen Yichen)

Одри Азуле

На Израел исто така, местото му е во институцијата која е меѓу најактивните во промоција на дијалог меѓу културите, која се бори против насилен екстремизам и која го штити наследството кое е загрозено од деструктивно делување на терористичките организации, порача Азуле.

САД и Израел во октомври годинава објавија дека ќе ја напуштаат Организацијата на ОН за образование, наука и култура со седиште во Париз. Американската влада ја образложи дека УНЕСКО во сз поголема мерка застапува позиции против Израел. Израелската влада се приклучи кон оваа аргументација.

 

 

DW.COM

Реклама