Израел веројатно ќе го нападне Иран? | Свет | DW | 03.02.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел веројатно ќе го нападне Иран?

Иран денеска лансираше сателит за набљудување во орбитата над Земјата, информираше арапската телевизија Ал-Алам. Американскиот министер за одбрана Леон Панета оцени дека е голема веројатноста Израел да го нападне Иран.

default

Американскиот министер за одбрана Леон Панета

„Сателитот Навид беше успешно лансиран и ќе биде позициониран во орбитата помеѓу 250 и 370 километри над тлото на Земјата“, изјави шефот на Иранската вселенска организација Хамид Фазели.

Педесет килограми тешкиот сателит треба да остане во орбитата 18 месеци, а до тогаш треба да му испраќа слики на Иран како што ќе прави обиколки на Земјата на секои 90 минути. Претседателот Махмуд Ахмадинеџат организирал церемонија по повод лансирањето на сателитот. Тоа е трет ирански сателит лансиран во орбитата од 2009-та до сега.

Западот стравува дека иранската вселенска програма се користи за развивање на балистички ракети, кои би имале нуклеарно полнење.

NO FLASH Iran Satelit

Иранскиот сателит Навид

Панета: Белата куќа нема одлучено како ќе реагира, ако Израел го нападне Иран

Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Леон Панета оцени дека е голема веројатноста Израел да го нападне Иран во април, мај или јуни за да го запре во создавањето на нуклеарна бомба. Тој додаде и дека Израел сака да го направи тоа пред Иран да влезе во она што Израелците го опишуваат како „зона на имунитет“ – да почне да создава нуклеарна бомба. Панета вели и дека Белата куќа уште нема точно одлучено како ќе реагираат САД ако Израелците го нападнат Иран.

Israel Türkei Luftraum Sperre Flugzeug Fahne Flagge NO FLASH

Израелски авион

Од Белата куќа вчера соопштија дека санкциите врз Иран, предложени од Конгресот и потпишани од претседателот Барак Обама, треба да бидат применети на начин, кој нема да им наштети на сојузниците на САД и да го наруши функционирањето на нафтените пазари.

„Сакаме да гарантираме, дека примената на тие санкции ќе биде остварена на тој начин што нема да им наштети на нашите сојузици или на нафтените пазари“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Белата куќа верува дека постои начин за постигнување на целта – натамошна изолација и притисок врз Иран.

Автор: Александар Методијев /СН/афп/миа

Редактор: Ж.Ацеска