Израелски напад врз Хамас | Вести | DW | 18.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израелски напад врз Хамас

По новото насилство во појасот Газа, Израел повторно изврши воздушни напади врз позиции на радикалната палестинска организација Хамас. Во серија напади синоќа загинаа најмалку десетмина Палестинци, голем број се ранети. Израелски тенкови и пешадија на две места ја минаа границата за да ги уништат постројките на ракетите Касам. Претставник на Хамас изјави дека нападите на Израел потврдуваат дека тој настапува заедно со Фатах.