Изборниот тренд ист до крај: мирно и без проблеми | Македонија | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

Изборниот тренд ист до крај: мирно и без проблеми

Излезноста на гласачите до 17 часот била 35,13 отсто, соопшти попладнево ДИК.

Од податоците добиени од 79,73 отсто од избирачки места, излезноста на гласачите до 17 часот била 35,13 отсто, соопшти попладнево ДИК. За споредба, излезноста до 15 часот изнесуваше 28,89 отсто.

Најголем одзив на гласачите - над 50 отсто, има во општинте Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Прилеп и Вевчани.

Најслаб останува одзивот во Липково - 13,55 отсто, во Желино - 13,62, во Центар Жупа - 12,67 и најмал во Пласница - 12,04 отсто.

Во општините Охрид, Ново Село и Дебар, покрај претседателски, денеска се одржуваат избори за нов градоначалник. Во Охрид излезноста до 17 часот е 44,74 отсто, во Ново Село 41,93 отсто и во Дебар 36,31 отсто.

Се очекува изборниот ден во 19 часот да заврши мирно, како и што започна.

Набљудувачите на изборите бележат случаи на граѓани кои биле оневозможени да го остварат своето уставно право на глас, поради тоа што ги немало на избирачкиот список. Најчесто станува збор за лица кои во периодот на затворањето на Избирачкиот список имале лични документи со истечен рок. Регистрирани биле и изолирани случаи на агитација за одреден кандидат или лепење плакати на кандидатите, но тие биле навреме отстранети. Во полицијата било пријавено дека комби возило кружи во скопската општина Ѓорче Петров и преку разглас ги повикува граѓаните да ги бојкотираат изборите. Од МВР била испратена екипа на терен за да потврди дали има такво нешто.

Реклама