Избори во Каталонија: Висока излезност, голема неизвесност? | Свет | DW | 21.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори во Каталонија: Висока излезност, голема неизвесност?

Анкетите укажуваат на тесна трка меѓу партиите за независност и оние кои сакаат да останат во Шпанија. Неизвесноста околу исходот - и жолтата боја - го одбележуваат денот на предвремените избори во Каталонија.

Жолтата несомнено стана боја на сезоната меѓу каталонските сепаратисти. Абел Перез, инженер, носи жолта лента закачена на грбот. Тој го поддржува ослободувањето на каталонските лидери, кои беа затворени по спорниот референдум за независност на Каталонија од Шпанија, кој се одржа на 1 октомври годинава. Абел е на страната на оние кои се наоѓаат во затвор како „политички затвореници" и кои се „за одбрана на мандатот што е даден од народот".

Националното собрание на Каталонија (АНК), една од водечките граѓански организации за независност, ги повика своите поддржувачи да носат жолти ленти како симбол на протест со кој се бара ослободување на затворените лидери на сепаратистите. „Ние никогаш не сме продале толку многу облека во жолта боја", вели Лола, сопственичка на продавница за шиење текстил во центарот на Барселона.

Повеќе на темата:

-Шокот во Каталонија уште трае

-Каталонија: Предизборна кампања од притвор?

-Пуџдемон во бегство - неславен потег на самонаречениот херој

Меѓутоа, откако жолтата боја стана симбол на политичките сили за независност, Шпанската изборна комисија на јавните места во близина на гласачките места на денот на изборите забрани плакати во оваа боја. Изборната комисија, исто така, им забрани на вработените на избирачките места да носат  ленти и марами во жолта боја, бидејќи мора да се обезбеди „апсолутна неутралност" во текот на гласањето.

Поделен електорат

Доминантна тема на изборната кампања на 21 декември е борбата помеѓу патот кон независноста и одржувањето на националното единство во Шпанија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој распиша регионални избори, откако го активираше членот 155 од Уставот на Шпанија, распуштајќи ја владата на Каталонија и преземајќи директна контрола врз овој шпански регион со висока автономија. Прво, многу каталонски сецесионисти ги нарекоа изборите „нелегитимни" - наметнување од Мадрид. Но сега, како што вели студентката по физика Марта Сервело, „на овие избори мора повторно да покажеме дека ја сакаме нашата Република и дека го отфрламе членот 155."

Спротивно на тоа, шпанските унионисти изборите ги гледаат како „начин за конечно враќање на стабилноста", како што истакнува барменот Мигел Форес. Денешните избори се четврти регионални избори во Каталонија од 2010 година наваму.

Последните анкети предвидуваат тесен исход меѓу политичкиот табор за независност и таборот на унионистичките сили. Унионистичката партија Граѓани (Сиудаданос) и сецесионистичката Републиканска левица (Ескера републикана), најверојатно, ќе освојат најголем број места во регионалниот парламент. Некои анкети дури и предвидуваат тробој на врвот со Заедно за Каталонија, партијата на разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон.

Неизвесност околу идната влада

Анкетите предвидоа визока излезност на денешниот изборен ден. Агенцијата ГЕСОП соопшти дека одзивот на изборите би можел да надмине 80 проценти. Тоа би била најголема излезност во историјата на каталонските избори, кои започнаа во 1980 година. Досегашниот рекорд е 77 проценти од септемвриските избори во 2015 година.

И додека сецесионистите и унионистите се соочуваат со трка рамо до рамо на изборниот ден, расте и неизвесноста околу новата влада. Ни за сепаратистичките, ниту за унионистичките сили не е прогнозирано мнозинство во регионалниот парламент. Блокот за независност, од друга страна, во изминатите месеци дополнително се расцепка. Давид Лопез, економист од Барселона не очекува дека овие избори навистина ќе ја деблокираат актуелната криза.

Многумина, слично како него, сметаат дека денешните избори нема да водат никаде. „Се плашам дека по овие избори ќе се вратиме назад на самиот почеток“, вели Марта. 

DW.COM

Реклама