Идлиб: Ќе успее ли дипломатијата да спречи катастрофа? | Свет | DW | 06.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Идлиб: Ќе успее ли дипломатијата да спречи катастрофа?

По неколку дена би можел да започне нападот од сириската армија врз последното упориште на востаниците кои се контра Асад. Дипломати се обидуваат да спречат хуманитарна катастрофа. Обидот има изгледи да биде успешен.

Јавни предупредувања и апели, преговори и договарања зад кулисите. Расте притисокот врз дипломатите кои се ангажирани околу Сирија. Имаат време до 10 септември да ги спречат борбените дејствија во Идлиб или барем да го намалат нивниот интензитет. Рокот го постави владата на Башар ал-Асад. Ако до тогаш не се постигне договор, сириската војска ќе го нападне тримилионскиот град на западот на земјата, Идлиб. Офанзивата е насочена кон последното упориште на востаниците.

Според проценките, во градот се наоѓаат меѓу 10 и 30 илјади вооружани милитанти. Во градот и натаму живеат околу еден ипол милион цивили. Според информации на иранското министерство за надворешни работи, востаниците држат многу цивили како човечки штитови.

Тие околности би можеле борбата за Идлиб да ја претворат во страшно крвопролевање. „Претседателот Башар ал-Асад не смее туку така да ја нападне провинцијата Идлиб", предупреди американскиот претседател Доналд Трамп изминатиот понеделник на Твитер. „Русите и Иранците ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во потенцијалната човечка трагедија." Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е со сличен став. Напад би предизвикал „масакр", изјави тој за весникот Хуријет.

Повеќе:

Предупредување од Трамп до Русија и Иран

Русија: „Да се ослободи Идлиб од бандитите"

Таквите предупредувања до сега не допираат до Русија и Иран, кои се најблиски сојузници на Сирија. „Нашите западни колеги разбираат дека регионот мора да биде ослободен од бандити и терористи", изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Алексејевич Рјабков. „Нашите напори се насочени кон тоа да ги истераме терористите од Идлиб со најмал можен број цивилни жртви", додаде иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф. И сириската влада и натаму се покажува решителна за напад. Министерот на Сирија за помирување, Али Хајдар, изјави дека воена акција во моментов е поверојатна отколку помирување. „Но, не може да се каже дека воопшто не постојат изгледи за помирување."

Syrien Rebellen in Idlib-Provinz (Getty Images/AFP/O.H. Kadour)

Бунтовниците против Асад на воена вежба

Одлучните предупредувања од една страна и намерите на другата, покажуваат колкаво значење ѝ придаваат сите на иднината на Идлиб. Грижата за градот истовремено е и грижа за целиот град. „Кој ќе се наметне во Идлиб, ќе успее да се наметне во големи делови од Сирија", вели турскиот политиколог Самир Салха од универзитетот Кочали во Истанбул. „Идлиб е во центарот на меѓународното мерење на силите."

Повеќе:

Битка за Идлиб - битка за Сирија

Многу заинтересирани страни

Тука се судираат различни интереси: Турција се обидува да ја засили својата позиција на западот на Сирија за да има посилно влијание врз Курдите во тој дел. Уште во јануари годинава турската војска навлезе преку сириската граница во главно со Курди населениот регион Африн на северот на земјата. Турција од тогаш е присутна во големи делови и на западот на земјата. Така може полесно да ги следи своите интереси во однос на сириските Курди. Од друга страна може подобро да ги контролира претежно во Идлиб стационираните џихадистички милитантни. Владата во Анкара сака да спречи нивно навлегување на турска територија. САД пак сакаат да го задржат своето влијание во Сирија. Откако се помирија со тоа дека Башар ал-Асад ќе остане на власт уште неодредено време, сакаат барем да го намалат влијанието на Иран. „Тоа им е заедничка цел со Саудиска Арабија и Израел", вели Самир Салха во разговор со ДВ. Таа цел ги става во тензични релации со Русија, која заедно со Иран настапува како заштитничка на Сирија.

Syrien Russische Luftangriffe nahe Idlib (Getty Images/AFP/O. H. Kadour)

Претстои ли нова хуманитарна катастрофа? - Сириец се обидува да изгасне пожар во Идлиб по руски и сириски авионски напад

Конфронтација за Идлиб?

Ако се продолжи со курсот од минатите денови, би можело да дојде до меѓународна конфронтација околу Идлиб, страхува главниот и одговорен уредник на онлајн магазинот „Рај Ал Џум”, Абдел Бари Атван. „Силните американски и руски поморски единици на источниот дел од Средоземно Море, како и во Персискиот Залив укажуваат на тоа дека двете супер сили се подготвуваат за регионална или пак глобална конфронтација."

Коментарот на панарапскиот весник „Ал Хајат" не е толку песимистички. Во последно време дошло до раздвижување во американско-иранската распределба на силите, се вели. Тоа пак се поврзува главно со режимот на санкции спрема Иран. Сѐ додека опстојуваат, Иран би можел загубите да ги покрива со помош на Русија и Сирија. Но, војната некогаш и ќе заврши и тогаш двете страни повторно ќе си одат по својот пат."

Повеќе:

Сомнително предупредување од Москва

Дискретно помирување не се исклучува

Можеби токму затоа би можеле САД и Русија одамна да се имаат тајно договорено, смета политикологот Салха. „Можеби си ги порамниле интересите, што би можело другите учесници да ги стави во незавидна положба."

Сепак, засега многу нешта укажуваат на веројатноста од насилен конфликт. Руски и сириски воени авиони неделава извршија први напади врз периферијата на Идлиб. 13 лица наводно се загинати, сите биле цивили. Доколку информацијата е точна, таа е предвесник на голема хуманитарна катастрофа, која сѐ уште може да биде спречена. Дипломатите имаат уште неколку дена за тоа да го постигнат. 

 

DW.COM

Реклама