Идејата за Голема Србија сѐ уште не е закопана | Свет | DW | 22.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Идејата за Голема Србија сѐ уште не е закопана

Пред 30 години врвните научници во Србија формулираа националистичка програма за една Голема Србија. Оваа идеја не е закопана и по многуте војни со повеќе од 100.000 загинати.

default

Колку повеќе се продлабочува економската и социјалната криза во кандидатката за влез во ЕУ - Србија, толку повеќе луѓе, дури и млади, ќе се држат грчевито до старите националистички идеи. Тие идеи беа формулирани пред три децении од страна на Српската академија на науки и уметности (САНУ) и сѐ уште се топ-актуелни во широки слоеви на населението. Главните тези гласат: Србите се неправедно третирани во тогашна Југославија, економски се запоставени, политички и општествено се потиснувани од другите, многу помали народи. Во годините кои следуваа тоа беше идеолошката основа и политичкото оправдување за војните од 1991 до 1999 година, што Србите ги водеа во Словенија, Хрватска, Босна и на крајот на Косово.

Врвни научници во својот „Меморандум“ се жалеа на „физички, политички, правен и културен геноцид“ на своите сонародници во провинцијата Косово, населена речиси исклучиво од Албанци.

Akademie der Wissenschaft Belgrad

Зградата на Српската академија на науки и уметности во Белград

На српското малцинство во Хрватска, како што се тврдеше, „му е полошо од кога и да е порано“, и „никогаш не било соочено со толкави закани“. Корените на сите зла, според авторите на „Меморандумот“ се во тоа што наводно 3,3 милиони Срби, значи „40.3% од нивниот вкупен број“, се малцинство, односно живеат надвор од границите на матичната држава. Тоа беше почетниот истрел на проектот Голема Србија, со кој требаше „сите Срби да живеат во една држава“. За оваа цел српскиот претседател Слободан Милошевиќ не се стеснуваше ниту од војна. Тој, по многу порази на неговата армија и паравоени формации , без да дочека пресуда од Хашкиот трибунал за воени злосторства, почина од срцев удар во 2006 година. Но, многу негови тогашни сопатници денес се на функција. Премиерот Александар Вучиќ, во тоа време како министер за информирање одговорен за замолчување на медиумите, денес им заврте грб на великосрпските идеи и сака на него да се гледа како на чист европски демократ. Портпаролот на Милошевиќ, Ивица Дачиќ, е министер за надворешни работи, а некогашниот националистички подбуцнувач Војислав Шешељ, кој беше ослободен од судот во Хаг, е лидер на опозицијата. Старите верни соработници на Милошевиќ не извлекле никакви поуки, не жалат за ништо. Некогашниот човек број два зад автократот Милошевиќ, Борислав Јовиќ, само што објави нова книга под наслов „Како Србите загубија цел еден век“. Тука повторно се наоѓаат истите стари тези и теории на заговор: наводни темни странски сили, Ватикан и сите други југословенски народи кои, како што се вели, ѝ нанесле многу штета на Србија, која од тоа сѐ уште не се опоравила.

Или штитеникот на Милошевиќ, лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ. Само што беше осуден на 40 години затвор, а веќе му напиша на Советот за безбедност на ОН. Од него побара да ги укине „скандалозните погрешни пресуди“ на Судот за воени злосторства против „целиот српски народ“.

Најреномираниот германски историчар кој се занимава со Србија, Холм Зундхаусен, за „Меморандумот“ на САНУ во една од своите книги, вели: „Се покажа како параноиден памфлет за состојбата на српскиот народ“ и „составен е од недокажани тврдења и обвинувања“. Зундхаусен оценува: „Авторите реактивираат стари слики за непријатели, стереотипи и предрасуди.“

Националистичкиот дух кој на 24. септември 1986 година беше пуштен од шишето со објавувањето ан првите извадоци на „меморандумот“ во тогаш најголемиот белградски весник „Вечерње новости“, до денес ни оддалеку не е повторно вратен назад.

DW.COM

Реклама