Идентификуван осомничениот за нападот во Њујорк | Свет | DW | 19.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Идентификуван осомничениот за нападот во Њујорк

По нападот во Менхетен, њујоршката полиција трага по 28-годишен осомничен маж. Според доказите, можно е експлозиите од викендот сепак да се поврзани со меѓународниот тероризам.

Истрагата по нападот извршен во Њујорк на викендот, според официјални извори, укажува на терористичка заднина. Полицијата за осомничен го смета еден 28-годишен маж од Њу Џерси со авганистанско потекло, изјави градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио за СиЕнЕн. Можниот напаѓач е веројатно вооружен и е опасен. Полицијата објави и фотографија на осомничениот Ахмад Кан Рахами.

Гувернерот на сојузната американска држава Њујорк Ендру Кумо во интервју за телевизија СиБиЕс дополни дека постои сомнеж дека можниот напаѓач по кој се трага бил поврзан со лица во странство. Рахами се доведува во врска со експлозијата во Њујорк во саботата, во која беа повредени 29 лица. Тој во последно време имал пријавено престој во местото Елизабет во соседната сојузна држава Њу Џерси. Таму полицијата денеска откри неколку рачно направени бомби во ранец оставен во контејнер за отпад. Екепсртите на една деминирачка единица ги деактивирале со помош на робот.

Во саботата утрото, пред почетокот на хуманитарна трка во Њу Џерси во една канта за ѓубре беше детонирана експлозивна направа. Претставник на американските служби за одбрана изјави дека постои поврзаност меѓу експлозивните направи во Њујорк и во Њу Џерси.

Реклама