Играње видеоигри со часови... и денови | Панорама | DW | 22.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Играње видеоигри со часови... и денови

Реален или виртуелен свет? Каде јас сум навистина јас? Многу млади се внурнуваат во виртуелна стварност преку видеоигри. Тие не само што нудат поинаква реалност, туку даваат и алтернативна историја на постоечката. Како?

Дариел Новаку има 27 години и работи како графички дизајнер. „Видеоигрите и мојата работа беа добра комбинација за мене, па можев да се развивам професионално. Ми дозволи да основам своја компанија за креирање видеоигри“, вели тој.

Иако и натами игра видеоигри, вели дека сега не се потресува во врска со нив, како што би се потресувал за работата во реалниот живот: 

„Не сум ја напуштал својата куќа по 2 недели. И кога тоа го правев, времето беше сменето. Не сфаќав зошто одеднаш станало студено или топло. Ова ме натера да се дистанцирам од игрите.“

Видеоигрите не само што го обликуваат животот и нудат поразлична реалност, тие даваат и алтернативна историја на постоечката. Таков пример е „Скопје". Оваа игра го прикажува безвременскиот дух на градот низ пост-апокалиптично сценарио. 

Повеќе за играта „Скопје“ и за ставовите на видеогејмерот Дариел во врска со влијанието на видеоигрите, во видеото:

Гледај видео 03:01

#dw_BalkanBooster: Играње видеоигри со часови... и денови

 

 

Реклама