1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Играчки им го развеселуваат здодевниот живот на свињите

Уве Берингер / Александар Методијев2 април 2013

Животот на свињите е краток и здодевен. Тоа го забележале тројца германски средношколци и решиле нешто да променат. Учениците измислиле машина која на свињите наизменично им спушта од таванот различни предмети.

https://p.dw.com/p/17wBh
Schwein

Тие за тоа ја добија наградата на покраината Рајнланд-Пфалц за заштита на животните. Трите момчиња се посветени на свињите. Сето ова започнало со пракса во наставниот и истражувачки институт Нојмиле во близина на Минхвајлер.

„Јас всушност од секогаш се интересирав за земјоделие, а посебно за свињите“, вели Јонатан Крајлаус, ученик во гимназијата Вилхелм Ерб.

Гимназијалецот забележал дека животот на свињите не само што е краток, туку исто така е и здодевен. До сега за животните во кочината имаше малку промени. Неговата идеја е проектот „Пиг плеј“ или играчки за свињи.

„Забележав дека играчката цел месец или со недели испушта ист звук. А, тоа со текот на времето им здосадува на свињите, исто како и на луѓето. Ако одново и одново се игра иста игра таа во одреден момент ќе стане здодевна“, вели Јонатан Крајлаус, ученик во гимназијата Вилхелм Ерб.

„Ние потоа размислувавме - што може да се направи против здодевноста? Така помогнавме за развој на една машина“, вели Јулијан Меркел, ученик во во гимназијата Вилхелм Ерб.

[No title]

„Со оваа машина можевме повеќе да ги занимаваме свињите. Тие со неа повеќе си играа и ним во кочината не им беше толку здодевно“, вели Јонас Оп, ученик во во гимназијата Вилхелм Ерб.

Ова е изумот - машина закачена на таванот од кочината, која испушта од време на време различни предмети. Постојано нешто ново доаѓа од таванот. Еднаш свињите се занимаваат со кофа, во втората рунда гризат дрво, потоа лижат црево и на крајот го напаѓаат синџирот. Тоа ги одржува свињите во движење, им прави задоволство и така се обезбедуваат здрави животни.

„Тоа е вообичаено - кога доаѓа нова играчка сите деца, или сите свињи, брзаат кон неа и си играат со неа. А, по пет минути тоа станува здодевно. Исто е и со свињите. Затоа сакаме да предизвикаме нови стимуланси со нови играчки“, вели Јонатан Крајлаус, ученик во гимназијата Вилхелм Ерб.

Но, германската домашна свиња не се чувствува урамнотежено. Тесно живеалиште, постојано само јадат и ништо не прават - тука секоја свиња станува свиња. Лоштото расположение во кочината може да доведе дури до канибализам.

Но, на свињите во Минхвајлер сега им е добро. Учениците за време на нивното отсуство можат со камера да проверат колку долго животните уживаат со играчките. Резултатот е - многу долго.