Иванов: не ја повлекувам амнестијата! | Северна Македонија | DW | 15.04.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Иванов: не ја повлекувам амнестијата!

Македонскиот претседател Иванов попладнево порача дека нема намера да ја повлече широката амнестија за политичарите која предизвика жестоки реакции во јавноста. Иванов очекува избори на 5 јуни.

„Свесен сум за одговорноста која ја преземав. Сметам дека одлуката го штити исклучиво државниот интерес и ве информирам дека останувам на истата“, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста попладнево.

Иванов останува на одлуката да помилува 57 осомничени сторители на кривични дела. Меѓу нив, во најголем дел политичари на актуелната владејачка гарнитура, но и опозициските политичари. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и експретседателот Бранко Црвенковски веќе ја одбија неговата аболиција, а истото го сторија и од Специјалното јавно обвинителство.

„Секој кој сака својата невиност да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него“, порача Иванов во кусото обраќање.

Шефот на државата оцени и дека безбедносните институции се парализирани и висок е ризикот да не можат да се соочат со ризикот со кој се соочува земјата.

Тој побара и од меѓународните претставници да инсистираат сите страни да си ги преземат и исполнат обврските од Договорот Пржино.

Иванов и натаму инсистира дека неговата одлука за амнестија треба да биде гаранција дека до одржувањето на изборите нема да бидат кривичните предмети кои се водат против политичарите нема да бидат зпоупотребени и нема да влијаат врз

Иванов очекува изборите на 5 јуни да бидат вовед во ново поглавје за државата.

Во вчерашното интервју за повеќе телевизии, Иванов тврдеше дека неговиот висок рејтинг од, како што рече, преку 70 проценти, му овозможил да ја донесе одлуката за амнестија со која сакал да придонесе кон смирување на политичките тензии.

„Одлуката за помилување е донесена за да се обезбедат фер и слободни избори. Моментот е сега да обезбедиме слободни и фер избори и да почне државата да функционира, а институциите да си ја вршат својата работа по изборите“, рече вчера Иванов.

Реклама