Иванов го обвини мнозинството за инцидентите, ниту збор осуда за нападот | Македонија | DW | 27.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иванов го обвини мнозинството за инцидентите, ниту збор осуда за нападот

Претседателот на државата смета дека денеска во Собранието биле прекршени Уставот и Деловникот. Ниту збор осуда од Иванов за упадот во највисокиот законодавен дом, ниту барање за одговорност за нападите.

 Претседателот на државата вечерва повика на смиреност во државата, ги покани на средба лидерите на водечките политички партии, и не кажа ниту збор осуда за насилничкиот упад во Собранието и тепањето на пратениците. 


„Повикувам на смиреност. Ги повикувам граѓаните да останат присебни и да не подлегнуваат на разни провокации, лажни вести... Повикувам на разумно и одговорно однесување, од страна на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат уставот и законите“. 


Според Иванов, пратениците се најодговорни за случувањата во државата. Тој смета дека во Собранието биле прекршени Уставот и Деловникот. 
„Состојбата може да се надмине само преку почитување на правниот пореедок“. 
„Ги повикувам лидерите на средба за новонастанатата состојба. Да ги разгледаме сите опции за наоѓање излез“, рече Иванов. 
На изјавата на Иванов експресно реагираа од СДСМ од каде му порачаа дека „подеднакво со Груевски и Вељановски е виновен за крвавото сценарио во парламентот и за тоа ќе сноси сериозна одговорност“. 

Реклама