Зрак на надеж за старата добра дипломатија | Свет | DW | 20.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зрак на надеж за старата добра дипломатија

Што ќе стане реалност од заклучоците на конференцијата за Либија во Берлин, останува да се види. Но тоа што има сериозен обид конфликтот да се реши на меѓународно ниво е од големо значење, коментира Јенс Турау.

Со години наназад германската политика се бори да преземе поголема одговорност и улога во светот. Подобро кажано: да се признае одговорноста на Германија со која ќе се оправда нејзината улога на една од водечките индустриски нации во светот и централна моќ во Централна Европа. Честопати е нејасно што се мисли под ова. Поголема воена моќ? Тешко – германските можности и нивното историско наследство поставуваат тесни граници овде. Но, очигледно Германија може да биде моќна сила која може многу повеќе да помогне со старата добра балансирана дипломатија.

Во неделата канцеларката во Берлин ги прими францускиот, рускиот, турскиот претседател, како и претседателот на Египет. Дојдоа и премиерите на Велика Британија и на Италија. САД ги претставуваше министерот за надворешни работи, а на средбата имаше и претставници на Обединетите Арапски Емирати, од ЕУ и од Африканската Унија.

Либија, земјата за која се вложуваат волку големи напори, беше застапена со двете големи страни во конфликтот. Меѓународно признаената влада на Фаис ал Сараџ и генералот Калифа Хафтар, чија армија контролира големи делови од територијата на земјата. Фактот дека двете страни беа повеќе набљудувачи на средбите ( и немаа директна средба), зборува повеќе за ситуацијата во Либија. По падот на владетелот Гадафи во 2011 земјата е постојано во војна, во која се вмешаа бројни меѓународни сили. Се работи за гас и нафта и за бегалците кои од Либија пред сѐ со помош на криминални посредници бегаат кон Средоземното море, како и за оние кои мора да ги трпат екстремно лошите услови во либиските затвори. И се работи за исламистичкиот терор. Целата драма доби помало внимание од војната во Сирија, па либискиот конфликт веќе подолго време се смета за прокси-војна.

Повеќе на темата:

-Либија: Меркел ја бидува за кризи

-Наскоро конференција за Либија во Берлин

-Хафтар замина од Москва без потпис на договорот за Либија

Дотолку позначајно е тоа што на германската влада и успеа да ја спроведе иницијативата и да ги собере сите водечки меѓународни сили во Берлин и тоа сосем отворено не во обид да ги смири завојуваните страни во Либија, туку повеќе да се скрати комплексната мрежа на меѓународни поддржувачи, трговци со оружје и економски профитери кои се во моментов инволвирани таму. Без меѓународна поддршка јасно е дека ниту официјално признаената влада ниту воениот лидер Хафтар нема да бидат во позиција да преговараат. Германските дипломатски напори беа и се вистинскиот пристап.

Kommentatorenfoto Jens Thurau (DW)

Јенс Турау, автор на коментарот

Воопшто дипломатијата: Во време на растечки национализам планот да се најде решение за Либија, под капата на ОН, навистина заслужува признание. Ова е особено важно бидејќи се случува во време кога многумина го преиспитуваат отсуството на Германија во многу глобални кризиа. Сега треба да се дојде до меѓународно контролирано примирје и обврска да се почитува ембаргото за оружје на ОН.

Токму затоа Германија може да подобро од другите да посредува, бидејќи тогаш во 2011 година, во Советот за безбедност апстинираше од гласање во однос на Либија. Воената акција против Гадафи тогаш беше спроведена пред сѐ од САД, Велика Британија и Франција – слично како и во други случаи. Критиката кон германската дипломатија тогаш беше огромна, но таквиот германски став денес е предност.

Колку има изгледи заклучоците од Берлин во реалноста навистина да имаат успех? Ќе останат апетитите на многу држави да дојдат до либискиот гас и нафта. Но, пред сѐ Европејците треба да имаат интерес за тоа дипломатијата да победи во Либија. Последниот голем бегалски бран пред 4 години, во тоа време преку Балканот, ЕУ ја доведе до работ на способноста да презеде мерки и ги поттикна национализмот и популизмот. Главната рута преку Африка во правец на Европа сега оди преку Либија. Ако заклучоците од Берлин се донесени со сериозна намера, "посилното надгледување” на примирјето кое се бара во нив, мора да биде цврсто и долгорочно обезбедено особено со европски сили. Ако Германците преземаат дипломатска офанзива, не може да си стојат по страна при составувањето на таква војска - иако канцеларката избегна да одговори на тоа прашање на пресконференцијата. Но, тоа е единствен начин стариот континент да ја докаже својата сериозност и дека нема просто да прифати тешки кинфликти пред својот праг, туку дека навистина сака да придонесе за разбивање на тензиите. Со оглед на состојбата во Либија некои експерти зборуваат за “паралелна реалност” на берлинските преговарачи. Можеби е така. Но, ниту интернационалното влијание врз бизнисот со оружје, нафта и финансии не ја доведоа многу далеку земјата.

Заклучоците од Берлин се за сега само парче хартија. Но, и тоа е подобро од ништо. За Германија пак се обид појасно да се дефинира што тоа всушност да биде: улога на поголема одговорност на Германците.

 

Реклама