Зошто се незадоволни американските фирми во Германија? | Економија | DW | 03.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Зошто се незадоволни американските фирми во Германија?

Без оглед на политичките напнатости, американските фирми и натаму добро работат во Германија. Но, се` погласно ја критикуваат недоволната дигитализација и инфраструктура.

Односите меѓу САД и Германија се затегнати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување казнени царини за германските автомобили. Во меѓувреме, тоа се одрази и врз конјунктурата. Но, американските фирми и натаму бележат добар промет во Германија. Според истражувањата на Американската трговска комора во Германија (AmCham), 50. најголеми претпријатија од САД во 2018. година во Германија просечно оствариле 5,5 проценти поголем промет отколку една година претходно, односно вкупниот промет на овие 50 фирми изнесува 177 милијарди евра.

Водат Форд и Мекдоналдс

Најголем промет, како и во 2017. година, остварил автомобилскиот производител Форд (21,1 милијарди евра). Зад него следат Амазон (16,9 милијарди евра) и нафтениот концерн ЕксконМобил (9,4 милијарди евра). Најмногу работници и во 2018. година вработувал Мекдоналдс, проценките се движат околу 60.000, вклучувајќи ги и франшизите. За Форд работеле 24.700 работници, а на трето место е претпријатието за достава на пратки УПС (20.000 работници). За Амазон работат 18.000 луѓе, а производителот на производи за потрошувачка Проктер и Гембл има 10.000 вработени во Германија.

Deutschland Autoindustrie Montage in Köln (picture alliance/U. Baumgarten)

Форд остварил наголем профит од американските фирми во Германија и има најмногу работници

Според наводите на Американската трговска комора, 50. најголеми американски фирми го сметаат економското партнерство меѓу Германија и САД за посилно откако политичкото. Освен тоа, тие застапуваат мислење дека воведувањето царини не е адекватен инструмент за остварување на урамнотежен трговски биланс меѓу двете земји. Генерално, американските фирми, според истиот извор, се задоволни од Германија како стопанска локација и и` даваат оценка „многу добар“. „Но, актуелните предизвици, со оглед на односот кон американската надворешна политика, трошоците на работа и енергијата и дигиталната инфраструктура, создаваат одредена несигурност во стопанството“, вели Франк Спортолари, претседател на Американската стопанска комора во Германија. Таа несигурност се одразува и во студијата на консултантската компанија КПМГ, која беше претставена деновиве во Франкфурт. Од неа се дознава дека сaмо една четвртина од американските фирми во Германија во идните три години планира инвестиции високи најмалку 10 милиони евра во оваа земја. Пред две години такви планови имаа речиси половината претпријатија (47 проценти). Како најголеми пречки за инвестиции американските фирми ги наведуваат сложениот даночен систем и превисоките даноци во Германија, недоволната поддршка од државата, високите трошоци на работната сила, недоволната понуда на квалификувана работна сила на пазарот на труд и недоволното користење на иновативни технологии, на пример во областа на вештачката интелигенција. На планот на дигитализацијата американските фирми воочуваат два феномена: Германија е водечка земја на полето на роботиката и автоматизацијата на процеси, но во сите други сегменти на дигитализацијата во најдобар случај е на просечно ниво.

Во извештајот на КПМГ како можна причина се наведува и тоа дека во Германија премногу се стравува од ризици. „Често се добива впечаток како стопанството, политиката и одделни фирми да трагаат по перфектни решенија“, се вели во извештајот: „но, во меѓувреме тие ги пропуштаат шансите кои ги нуди дигиталната преобразба во светот.“

Повеќе: 

Односите помеѓу Германија и САД не се лоши, но се далеку од одлични

И германските шрафцигери на удар на американските царини за ЕУ

Трамп нуди трампа: укинување на царини за автомобилите во ЕУ и во САД

Незадоволство од инфраструктурата

Американските фирми се се` почесто незадоволни и од инфраструктурата во Германија. Само околу 60 проценти ја оценуваат како една од петте најдобри во ЕУ, што е 12 проценти помалку отколку пред две години.

„За Германија да остане атрактивна локација за странските претпријатија, земјата мора да инвестира во  изградбата на мрежата на мобилна телефонија и електрична струја, исто како и во сообраќајната инфраструктура“, вели Ворен Мерајн од КПМГ.

Кога американските фирми решаваат да инвестираат во Германија, парите се слеваат првенствено во три покраини: Баварија, Северна Рајна Вестфалија и Баден Виртемберг. Тоа се истовремено, иако не по овој редослед, и економски најсилните покраини. Лани на првата позиција тука се наоѓала Северна Рајна Вестфалија со 705 милијарди евра, следат Баварија со 625 и Баден Виртемберг со 511 милијарди евра.

 

DW.COM

Реклама