Зошто книгата на Болтон е трн во око за Белата Куќа? | Свет | DW | 19.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зошто книгата на Болтон е трн во око за Белата Куќа?

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп не штеди напори да ја дискредитира книгата на поранешниот советник за безбедност Џон Болтон. Последен во редот со остри критики настапи државниот секретар Мајк Помпео.

„The Room Where It Happened“ ( „Собата каде се случи тоа“) е името на книгата на Џон Болтон чие објавување американската администрација сака законски да го спречи. Во пријавата до американското Министерство за правосудство е наведено дека книгата содржи тајни владини информации чие ширење би можело да ја доведат во опасност националната безбедност.

Американската влада претходно поднесе тужба за да го спречи објавувањето на книгата кое е најавено за наредниот вторник. Аргументот на владата е тоа што поранешниот советник за национална безбезбедност на претседателот Доналд Трамп сака да ја објави книгата иако не е завршена проверката дали таа содржи владини информации кои не се за објавување.

Тешки обвинувања против Трамп

Книгата содржи тешки обвинувања против Трамп. Така поранешниот советник за национална безбедност, меѓу останатото, му префрла на претсеателот дека ја замолил Кина повеќепати за помош со цел да помогне за неговиот реизбор на должноста претседател на САД. Трамп за тоа во повеќе наврати разговарал со кинескиот претседател Ши Џингпинг, се наведува во веќе објавените делови од книгата.Трамп така на пример, се наведува во книгата, пред една година апелирал до Џипинг да увезе повеќе американски земјоделски производи за да може американскиот претседател да ги осигура важните гласови на земјоделците.

Трамп е бесен

Во повеќе интервјуа претседателот го нападна својот поранешен советник. На телевизијата Фокс тој оцени дека Болтон со пишувањето на книгата и со обвинувањата изнесени во неа го прекршил законот. Освен тоа Болтон е лажго, изјави Трамп за „Волстрит журнал“ и додаде дека сите го мразеле во Белата куќа.Во својата книга Болтон веројатно пишува и за украинската афера поради која беше водена постапка за импичмент на Трамп.

Повеќе:

-Трамп им даде отказ на двајца клучни импичмент-сведоци

-Импичмент: Триумф на Трамп во Сенатот

-Импичмент и избори во поделена Америка: Трамп ќе победи!

Опозициските демократи сакаа да го повикаат Болтон во Сенатот како сведок во процесот за импичмент, но не успејаа во тоа со оглед на републиканското мнозинство.Трамп на крајот беше ослободен од обвинувањето за злоупотреба на положбата во украинската афера. Во оваа афера стануваше збор дека Трамп вршел притисок на Киев да започне истрага за корупција против неговиот демократски противкандидат Џо Бајден и против неговиот син. Болтон од април 2018 година до септември 2019 година беше советник за национална безбедност. Од оваа функција замина бидејќи беше во конфликт со претседателот Трамп околу низа теми, меѓу кои и односот со Северна Кореја.

За Помпео, Болтон е „предавник“

Во меѓувреме и министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео ги осуди „лагите“ на Џон Болтон,.
„Тажно е и опасно“ што последната јавна улога на Џон Болтон ќе биде улогата на „предавник“ кој и нанесува штета на Америка со нарушување на довербата со народот, рече Помпео. 
Тој меѓутоа не го негираше делот од книгата во кој Болтон наведува дека токму шефот на дипломатијата бил тој , кој му кажал дека Трамп зборува „глупости“.

 

Реклама