Зошто Кина нема да испрати тенкови во Хонг Конг | Свет | DW | 17.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зошто Кина нема да испрати тенкови во Хонг Конг

Постојат добри причини зошто кинеската армија не ја преминала границата кон Хонг Конг со цел да ги задуши повеќемесечните протести на граѓаните. Најважната: Хонг Конг и е потребен на Кина.

China, Hong Kong (AFP/Getty Images)

Кинески трупи на вежби во Шенжен

Хонг Конг има огромно значење за Кина и особено за нејзината економија, и кинеската Комунистичка партија во моментов не сака да го ризикува тоа. Во изминативе децении Кина израсна во втора светска економска сила и во интегрален дел на глобалниот финансиски систем. Тој раст беше помогнат од Хонг Конг.
Поради заостанувањето во економските реформи во континенталниот дел, пристапот до развиениот модел на капитализам во Хонг Конг е од витално значење за Кина.
Дури и пред актуелните протести, односите меѓу Хонг Конг и Кина никогаш не биле на завидно ниво. Во Пекинг на Хонг Конг се гледа како на бесно дете, кое тешко се контролира.
Но, евентуалната воена интервенција на островот ќе ја загрози стабилноста на Кина далеку повеќе од маскираните демонстранти, а последиците ќе се почуствуваат и во континенталниот дел. Негативното расположение ќе ги избрка инвеститорите и ќе ја компромитира способноста на Кина да тргува на меѓународниот пазар.

Symbolbild China und Russland gründen Ratingagentur (Antony Dickson/AFP/Getty Images)

Речиси половината од сите компании на берзата во Хонг Конг се од континентална Кина


Токму поради актуелниот трговски судир со САД, на кинеските компании им е наредено да станат помалку зависни од странски пари и технологија, што значи поголем фокус на Хонг Конг.
Кинеските директни инвестиции во Хонг Конг достигнуваат 556 милијарди евра- 70 проценти повеќе од севкупниот БДП на Хонг Конг. Речиси 60 отсто од инвестициите во странство, вклучително и проектот „Нов пат на свилата“, се вршат преку Хонг Конг. Веќе 25 години, Фондацијата Херитиџ го прогласува Хонг Конг за најслободна светска економија. За споредба, Кина се наоѓа на 100. место на листата.
Но, не само Кина, и на остатокот од светот му е потребен Хонг Конг.
На инвеститорите им се допаѓа договорот „Една земја, два системи“ кој го постигнаа Британија и Кина при предавањето на островот, и тој важи до 2047 година.

Unrest In Hong Kong During Anti-Government Protests (Getty Images/A. Kwan)

Протестите во Хонг Конг не стивнуваат


Централната банка и Комисијата за акции и хартии од вредност, имаат голем углед кај стрнаските инвеститори.
Токму затоа Хонг Конг е база на повеќе од 1.500 мултинационални компании кои го користат за полесен влез на кинескиот пазар- 60 отсто од странските инвестиции во земјата влегуваат преку Хонг Конг.
Над се, Хонг Конг им обезбедува сигурност на инвеститорите, вклучувајќи тука и некои високи функционери на Комунистичката партија кои не би сакале кризата да ја наруши економијата. Кинеското раководство има огромни инвестиции во Хонг Конг кои се доволни за армијата, засега, да остане во касарните.

 

DW.COM

Реклама