Зошто е хуморот важен во корона-кризата | Панорама | DW | 30.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Зошто е хуморот важен во корона-кризата

Хуморот во време на криза е уште поважен од обично, ни короната тука не е исклучок. Но, постојат работи за кои не треба да се кажуваат шеги.

Седат два диносауруси и посматраат како метеор со голема брзина се приближува кон земјата. Едниот диносаурус вели: „Побрзај, мораме да купиме тоалетна хартија“. ВЦ-хартијата, уште од пролетниот локдаун во Германија, кога голем дел од граѓаните стравуваше дека ќе стане дефицитарен хигиенски производ, е редовна мета на хумористите и сатиричарите.

Корона – хумор

Во кризни времиња улогата на хуморот, посебно на „црниот“, е многу важна. „Хуморот придонесува за некој вид олеснување и емоционална дистанца од проблемите. На таков начин подобро се справуваме со грижите и стравовите“, вели Ева Улман, авторка и раководителка на Германскиот институт за хумор.

Пандемијата на коронавирус веќе со месеци го диктира секојдевието па не чуди што короната е тема и на многу вицови кои кружат по интернет и во директните контакти. Како што истакнува Улман во својата нова книга „Хуморот е сериозна работа“, пандемијата создаде нов вид хумор – корона хумор. 

Сериозните кризи најдобро се поднесуваат со црн хумор. Низ социјалните мрежи во последните денови кружи карикатура која прикажува возач на итна медицинска помош кој при доаѓањето до пациентот вели: „О, фала му на Бога, конечно инфаркт. Доста ми е веќе од корона.“

Гледај видео 01:51

„Светот опстанал, затоа што се смеел“

Едно виенско погребно претпријатие пак на свој начин се вклучи во корона-дебатата, делејќи заштитни маски со натпис: „Негирањето на короната ги обезбедува нашите работни места“.

Предностите и маните на црниот хумор

За Табеа Шел од Универзитетот во Фленсбург овој вид хумор спаѓа во агресивен вид со кој се исмеваат не само оние кои ја негираат пандемијата (најпопуларен пример е изразот „ковидиоти“), туку и политичарите. Но токму тој вид „лош“ хумор е важен во текот на криза. „Оваа врста хумор обезбедува дистанцирање и го прави проблемот поиздржлив“, вели Шел. Таа објаснува дека кризите како оваа во која сега живееме, на луѓето им дава чувство на немоќ. Агресивниот, црн хумор може да им пружи чувство дека се во состојба да влијаат на развојот на настаните, вели оваа научничка.

Наспроти овој хумор е оној кој има својство да поврзува, како шегите за заедника манија за создавање залихи на ВЦ хартија. „Социјалниот хумор во време на корона е позитивен и ги зближува луѓето кои заеднички се смеат, што е важно во доба на изолација и ограничени контакти“, вели Шел.

Но,двете научнички се согласуваат во едно: хуморот во време на корона е важен, но не смее сѐ. „Проблематично е кога се етаблираат вицови кои свесно целат на една група луѓе, како што беше на почетокот на пандемијата со шегите на сметка на постарите луѓе. Или етничката припадност“. Пример: „Коронавирусот е како тестенините: Кинезите го измислија, а Италијанците во проширија низ светот.“

Опасен хумор

Ева Улман за посебно опасни ги смета вицовите кои поддржуваат лаги за пандемијата. „Хуморот кој се темели на лаги не придонесува за подобрување на ситуацијата. Покрај сите лаги не ни се потребни и вицови кои ги прошируваат“, смета Улман. 

Слично мислење има и Петер Виткамп, едн од авторите на популарната сатирична серија „Хојте шоу“ на германскиот јавен ТВ сервис ЗДФ. Тој преку интернет страницата „Ибермедиен“ апелираше до слободните автори со своите вицови да не придонесуваат за ширење паника, лаги и резигнација. И: „Вицовите за болни луѓе или страдањата на другите се табу“, смета Витакамп.

Хуморот придонесува кон подобро поднесување на кризи, но и тој не е сѐмоќен. „Има луѓе кои се во карантин со мали деца или лежат на интензивна нега. Ним веројатно не им е до шега“, заклучува Табеа Шел.

 

Реклама