Зошто е исправна забраната на бурката | Свет | DW | 19.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто е исправна забраната на бурката

Во едно либерално општество мора да се повлече јасна линија на разграничување: бурката во Германија треба да биде забранета, бидејќи отвореното општество не може да прифати буквално сѐ, коментира Александер Кудашеф.

Да- забраната за бурката е симболична политика. Да- забраната за бурката не може да спречи терористички напади. Да- во една правна држава занимавање со таа забрана е знак за нелибералност. Да- нема многумина кои носат бурка во Германија- тогаш поради што е сето ова? И, да- тоа им пречи на многумина, но она што им пречи на многумина не мора да биде и забрането. Во тоа германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезије, има право.

И покрај тоа, забраната на бурката е правилна- и политички корисна. Таа покажува дека отвореното општество не прифаќа баш сѐ. Таа покажува оти либералната правна држава одлучно се спротиставува на непријателите на либералноста. Бурката не е знак на живеење на религијата, или на живеење на религозноста, инаку сите жени, од Мароко до Пакистан, би носеле бурка. Но, тие не го прават тоа, иако се Мароканците истотака религиозни како и Либијците, Египќаните, Иранците или Пакистанците.

Не, бурката е симбол на фундаменталистички ислам со вахабистичка ориентација. Бурката е знак на фундаменталистички ислам за ИД, за Талибанците, во Саудиска Арабија и на други места. Бурката не е знак на стравопочит на народот од Бог или верско проживеано секојдневие.

Kudascheff Alexander Kommentarbild App

Александер Кудашев

Колку далеку досегнува толеранцијата?

Би можело да се каже дека во една верски индиферентна земја како што е Германија важи слободата на вероисповест- за сите религии. Но, колку далеку се оди со толеранцијата? Дали таа важи и за половото оскатување на девојчињата во исламските земји? За деспотскиот однос на мажот кон жената? За непостоење на самоопределување кај жените? Дали сето тоа треба да го трпиме затоа што сме верски толерантни?

Бурката ја изолира жената. Таа на жената и го одзема правото на самоувереност и местото во општеството кое сама го одредила. Таа како парче облека му противречи на човековото достоинство и идејата за рамноправност. Поради тоа општеството мора да го постави прашањето: колку далеку треба да се оди во допирот со радикалните форми на исламот? Колку далеку досега либералната толеранција? Спорот околу забраната за бурката е политички спор. Како да се однесуваме кон непријателите на отвореното општество?

За либералното општество е неопходно и корисно да се повлече јасна линија на разграничување. А таа гласи: бурката треба да се забрани во Германија. Како и полигамијата, стапувањето во брак на деца, половото оскатување на жените- во име на религијата. Тоа значи дека политички треба да се каже „не“. А за останатото мораат да се погрижат правниците.

Реклама