Зошто Вучиќ воопшто го посетува Загреб? | Свет | DW | 12.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зошто Вучиќ воопшто го посетува Загреб?

Ако се суди според насловите во печатот и изјавите на политичари во Белград и во Загреб, се стекнува впечаток дека е нејасно зошто претседателот на Србија Александар Вучиќ воопшто ја посетува Хрватска.

Од една страна се слуша дека Вучиќ не е добредојден во Загреб, а од друга во Белград најблиските соработници на претседателот го советуваа да не заминува. Поради тоа аналитичарите во Белград се со неподелено мислење дека единствената работа која односите на Србија и Хрватска ги држи на колку-толку пристојно ниво е притисокот од Западот, кој, според нив, всушност и стои зад зад овие средби на највисоко ниво.

Србија и Хрватска- омилени непријатели

Се разбира постојат и такви кои сметаат дека е потребно да се разговара, но останува впечатокот дека зад сето тоа не стои искрена желба на српската и на хрватската страна за нормализација на односите. „Не гледам никаква желба на двете страни за разрешување на недоразбирањата, бидејќи тогаш едноставно би се загубил теренот за лесни, евтини и популистички предизборни поени и во двете држави, вели и Драган Поповиќ, директор на Центарот за практична политика и додава „ Кога својата политика ја градите на национализам и популизам и на постојана загрозеност на државата и народот, не ви е во интерес да ги загубите 'омилените непријатели'. А дури и да постои таква намера, тоа не може да се реши со една посета, туку со секојдневна работа“.

Повеќе на темата:

-Хрватите го презираат Вучиќ, но Загреб мора да соработува со него

-Вучиќ се заканува со бојкот на Брисел

-Средба на Грабaр-Китаровиќ и Вучиќ: Чекор кон подобра иднина?

И директорот на Центарот за регионализам, Александар Попов смета дека не може премногу да се очекува од посетата на Вучиќ на Загреб во прв ред, поради тоа што е создаден амбиент во кој не можат да се постигнат некои добри резултати. „Мислам дека ова ќе биде уште една протоколарна посета , по која ќе продолжи размената на остри зборови меѓу Белград и Загреб. Ако се мери конкретната политичка полза од посетата, од неа многу повеќе ќе профитира Вучиќ“, смета Попов.

Aleksandar Vulin (picture-alliance/AP Photo/D. Vojinovic)

Александат Вулин

Вулин говори што Вучиќ мисли

Реториката спроти дводневната посета на српскиот претседател Вучиќ на Загреб, на покана на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ во секој случај не ветуваше ништо добро. „Хрватските медиуми пишуваа за посета на „четникот Вучиќ“, а српскиот министер за одбрана го советуваше претседателот на Србија да не оди во Загреб, бидејќи таму на плоштадите „Го чекаат усташи и оти ќе му се случи нешто слично како во Сребреница“. Самиот Вучиќ пак изрази очекување дека посетата ќе придонесе за намалување на тензиите, но притоа не ја отстрани клучната дилема: дали пораките кон Хрватска е она што го говори Вучиќ, или она што го говори Вулин?

„Мислам дека на сите во Загреб им е јасно дека Вулин го кажува она што Вучиќ го мисли, но не смее да го каже“, оценува Драган Поповиќ. Сега е само прашање дали на Загреб повеќе му одговараат помирливи или овие тукуречи воено подбуцнувачки тонови? Тоа повторно зависи од хрватската внатрешна политика, а јас се плашам дека на увото на владата на ХДЗ на премиерот Пленковиќ,  повеќе му годи она што го говори Вулин или пак го пишуваат српските таблоиди“.

Мораториум е непотребен

Како еден вид на решение, кое би можело да го прекине овој маѓепсан круг на меѓусебни обвинувања, Александар Попов гледа евентуален обид на српската страна да се воздржи од реакција на секоја непријатна порака од Загреб. „Мислам дека Србија би била во добивка, вели Попов, и на крајот, хрватските водачи ќе увидат дека то е непродуктивно. На крајот од краиштата, Хрватска е членка на ЕУ и веќе има добиено прекор од Брисел поради радикализација на политичката сцена, рехабилитација на усташите и кавгите со речиси сите нејзини соседи од поранешна Југославија. Но, за жал, таквата реторика се чини дека е добро гориво за двете страни. "

Предлогот на претседателот на Србија за воведување на шестмесечен мораториум за прашањата од минатото меѓу двете земји, Драган Поповиќ, ја коментира со забелешката дека мораториумот ќе заврши точно на 4-ти август. „Не ни треба мораториум, додава Поповиќ, туку токму спротивното - да се отворат сите теми и да зборува искрено за нив. Пред сѐ,  минатото да се расветли и последиците од минатото да се санираат колку што е можно. Најлошото нешто што можеме да го направиме е сега да измислиме некој вид мораториум и да го турнеме под тепихот сето она што ги мачи граѓаните на Србија и на Хрватска ".

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама