Зимските олимписки игри се голем спортски настан кој се одржува еднаш на четири години, за спортови кои се одржуваат на снег или мраз.
Првите Зимски олимписки игри се одржани во 1924 година во францускиот град Шамони. Првичните пет спортови, поделени во девет дисциплини, биле санкање со боб, карлинг, хокеј, нордиско скијање и лизгање. Зимските олимписки игри досега биле одржани на три континенти а домаќини биле 11 различни држави. Рекордери се САД каде Игрите се одржале четири пати.