Знаете ли што им предизвикува бессони ноќи на автократите? | Панорама | DW | 22.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Знаете ли што им предизвикува бессони ноќи на автократите?

Нашата посветеност на непристрасно новинарство ширум светот дава придонес за слободата на говорот и демократските вредности. И им предизвикува непроспиени ноќи за автократите. Запознајте се со „Инсомнија“!

Нашата нова кампања „Инсомнија“ ги нагласува бројните иницијативи на Дојче веле за слобода и човекови права. Достапна е на 23 јазици, онлајн и преку социјалните медиуми.

„Нашата мисија е независно и непристрасно известување и информирање на луѓето ширум светот- особено во регионите каде пристапот до информации е ограничен“, изјави генералниот директор на ДВ Петер Лимбург.
Од 22 септември, новата кампања „Инсомнија“ е достапна до сите наши читатели и следбеници на 23 јазици. Повеќе информации можете да добиете и на специјалната интернет страница „Инсомнија“ на англиски јазик. 

Нашата мисија: Непристрасни информации за слободни умови  

Ширум светот, демократијата е загрозена и слободата е нападната. Во земји каде моќниците ги контролираат вестите, луѓето се принудени на лош избор. Затоа ние си ја поставивме задачата да им се спротивставиме на автократите преку обезбедување непристрасни информации и промоција на слобода на говорот и на демократските вредности во над 180 држави во светот. И да им предизвикаме бессони ноќи на автократите. 

Гледај видео 01:05

Знаете ли што ги остава автократите без сон?

Како ја поддржуваме слободата на говор  

ДВ се стреми да ги покрие комплексните проблеми поврзани со слободата на говор и слободата на медиуми преку осветлување на кризите, жртвите на злоупотребите на човековите права и иницијативите кои се стремат да ја подобрат актуелната ситуција поттикнувајќи поголема дебата за овие прашања.  

Со извештаи и интервјуа за и од активисти, академици, уметници, карикатуристи и писатели од сите страни на светот, ние секогаш ги следиме темите кои придонесуваат кон слободата на говорот и слободата на мислата.  

Од 2015 година, ДВ ги чествува оние кои се ангажирани во секојдневната битка за слободно изразување со Наградата за слобода на говор на ДВ. Лауреатите вклучуваат затворени блогери и критични новинари- поединци кои се стремат да обезбедат слободни медиуми.  

Ширење на пораката 

Grafik How to Bypass Internet Censorship Flash-Galerie (GNU General Public)

Како да ја заобиколите цензурата

Повеќе луѓе ширум светот од било кога порано можат лесно да комуницираат и да добиваат информации. Но лесно е да се заборави дека има многу места каде луѓето кои објавуваат критички мисли се казнувани, а слободниот проток на информации е блокиран. За ДВ, битката против цензурата е еден од основните принципи и постојано работи на тоа да им ги обезбеди на луѓето насекаде потребните информации за да ги разберат проблемите и прашањата со кои се соочуваат нивните општества.  

Во многу земји, владината контрола на инфраструктурата може да води кон цензурирање на информациите или нивен целосен прекин. Затоа ДВ секогаш работи на обезбедување решенија кои ја заобиколуваат цензурата и им обезбедуваат информации на луѓето. На пример, луѓето во земјите чии влади го блокираат или ограничуваат пристапот до независни информации сега можат безбедно и анонимно да им пристапуваат на содржините на ДВ со поддршка на ОТФ (Отворен технолошки фонд) и на Проектот Тор. ДВ инсталираше прокси огледало кое овозможува содржината на интернет страницата dw.com да биде достапна преку интернет адреса на мрежата Тор.  

Интернет страниците достапни преку Тор се препознатливи по екстензијата '.onion.' Специјален пребарувач каков што е Firefox-based Tor browser е неопходен за да се добие пристап до интернет страниците. Освен Дојче веле, досега само неколку медиумски интернет страници како оние на Њујорк Тајмс и БиБиСи нудат ваква адреса.   

Во изминатата деценија, ДВ користи и систем за заобиколување на цензура наречен Psiphon, кој функционира со користење на мрежа на различни прокси сервери. Со оваа технологија, корисниците во земји како Кина и Иран добиваат можност да пристапат до непристрасни информации од доверливи извори.  
Користејќи ваква технологија, ние испративме порака: ДВ никогаш нема да се откаже од промоцијата на слободен интернет и од обезбедувањето непристрасни, квалитетни вести и информации за СИТЕ публики низ светот.  

Различноста раѓа дијалог  

JaafarTalk aus dem jordanischen Flüchtlingslager Zatari (DW)

JaafarTalk

Медиумскиот пејсаж и медиумската партиципација драматично се променија во арапскиот свет во последните неколку години- и не само меѓу младите луѓе. Се се развива. И додека луѓето се технолошки поотворени за комуникација и дискусија од било кога- со апликации, социјални мрежи и мобилна комуникација- се чини дека кај нив постои желба да се оттргнат од дебата.  

JaafarTalk сака да го промени тоа. Тоа е дебата која на сите им дава глас, дури и на оние кои не се слушнати во арапскиот свет, со теми кои не секогаш се покриваат од другите медиуми. Се нудат контроверзни дискусии за социо-политички теми врз база на интеракција меѓу гостите, кои доаѓаат од различни земји и претставуваат многу различни гледишта. На крајот на секое шоу, и публиката во студио и гледачите можат да гласаат за оној гостин кој според нив најубедливо го претставил својот став. Тоа е перфектна платформа за луѓе со различни перспективи на одредена тема да го споделат своето мислење и да започнат дијалог.  

JaafarTalk е интерактивно дебатно шоу кое ја рефлектира различноста на арапскиот свет. Домаќинот Абдул Карим кани гости кои претставуваат различни ставови во регионот на фер и жива дискусија, придружена од истражување, факти и бројки кои помагаат да се претстави големата слика. JaafarTalk можете го следите на ИнстаграмФејсбук и Јутуб.  

Визуелизирање на проблемите  

Дали граѓаните на Либан почесто ги изразуваат своите мислења на дигитални платформи од Украинците? #speakup барометар е проект на ДВ Академијата кој ги испитува односите меѓу дигиталното учество, слободата на изразување и пристапот до информации во одредени земји во кои ДВ Академијата работи на развој на медиумски проекти заедно со локални партнерски организации.  

Со цел да обезбеди преглед на актуелната состојба на дигиталното учество во овие земји како и да ги идентификува новите потенцијали и ризици, #speakup барометарот им помага на организациите за развој на медиуми, НВО, новинари и други активисти да развијат мерки за подобрување на дигитализацијата, слободата на изразување и слободниот пристап до информации.  

Навигатор на медиумска слобода  

Колку се слободни медиумите во твојата земја? Навигаторот на медиумска слобода овозможува преглед на различни индикатори за медиумска слобода. Преку навигација на картата на светот можете да добиете пристап до информации за слободата во секоја земја и дополнителни информации за секој индекс.  

Кредибилитет во морето од дезинформации 

Новинарската работа во Турција станува се потешка. ДВ соработуваше со БиБиСи, Франс24 и Гласот на Америка во изработката на Јутуб канал кој и овозможува на публиката од турското јазично подрачје кредибилни информации кои ќе и помогнат да оформи сопствено мислење.  

Јутуб каналот +90, именуван според меѓународниот телефонски код за Турција, обезбедува независни и веродостојни информации, почитувајќи ги слободата на говорот и изразувањето, како и различните гледишта за широка лепеза теми. Најгледаните видеа, дел од кои беа преведени и на германски јазик, имаат повеќе од милион прегледи. +90 покрива теми кои понекогаш се отсутни од медиумската сцена во Турција- како бегалци, ЛГБТ и права на жените. Истражувајќи ги длабоко овие теми, +90 обезбедува побалансиран поглед во секојдневниот живот во енергичната и променлива земја.

Реклама