Злосторство и шок за идилата во Фрајбург | Свет | DW | 06.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Злосторство и шок за идилата во Фрајбург

Убиството на една студентка во Фрајбург, за кое е осомничен еден млад бегалец од Авганистан го расколебува градот, во кој е многу изразена културата на добредојде.

Фрајбург, кој се наоѓа во регионот Брајсгау, во богатиот југозапад на Германија, има 250 илјади жители, живописен историски центар и важи за либерален и толерантен, млад и отворен град. Околу 40 илјади студенти живеат тука, а универзитетот е еден од главните вработувачи во градот. Фрајбург, исто така, е град со жива алтернативна култура и активно цивилно општество - како во заштитата на животната средина, така и во помошта за бегалците.

Фрајбуршката идила сега е потресена. Во средината на октомври беше силувана и убиена 19-годишната студентка Марија Л. Нејзиното безживотно тело беше пронајдено во реката Драјзам. Студентката по медицина со велосипед се враќала дома од една забава, кога станала жртва на злосторство. На викендот конечно беше уапсено лице осомничено за злосторството. Станува збор за 17-годишен бегалец, кој без придружба од возрасни лица пристигнал од Авганистан во 2015. година.

Против црно-бели перспективи

Градот е во шок. Марија Л. и самата била активна во давањето помош на бегалците и сега веројатно станала жртва на злосторник, кој е бегалец. „ Реакциите се различни, пред сѐ на интернет“, вели Уве Маухер, новинар на весникот „Бадишер Цајтунг“. „Има некои, кои велат, дека сме го знаеле тоа отсекогаш. И други, кои велат, дека тоа е изолиран случај и оти паушалните обвинувања се погрешни“, вели Маухер, истакнувајќи дека сепак севкупно тонот на реакциите станува „погруб и поодвратен“

Тоа го почувствува и студентската иницијатива за бегалци од Фрајбруг, која не беше поштедена. Семејството на убиената Марија Л. во жалната вест замоли за донации за хуманитарниот проект. Иницијативата потоа беше заплисната од т.н бран вулгарни критики односно т.н „шитсторм. Градоначалникот на Фрајбург Дитер Саломон, од редовите на партијата на Зелените, се обиде да ја објективизира дебатата: „Тоа што злосторникот веројатно е млад човек од Авганистан се разбира дека е вода на водениците на оние кои отсекогаш знаеја дека бегалците се лоши луѓе. Но јас едноставно молам да се диференцира и верувам дека фрајбуржаните го прават и го знаат тоа. Тоа што еден сторил ужасно злосторство, меѓутоа, не значи дека сите други го прават тоа“.

Мнозинството фрајбуржани очигледно во оваа точка стојат зад својот градоначалник. Многумина се спротивставуваат на паушални заклучоци. Кога во неделата вечер 30 лица го следеа повикот на регионалниот огранок на Алтернатива за Германија (АфД) за демонстрации против „Меркелската политика“, 300 контрадемонстранти им се спротивставија на приврзениците на АфД. Популистичката партија претходно во соопштение напиша дека Марија Л. е жртва на културата на добредојде на канцеларката Ангела Меркел.

Севкупно во Фрајбург културата на добредојде е многу изразена, вели Уве Махер. „Во градот уште од почетокот на бегалската криза се формираше неверојатно широка поддршка. Има многу иницијативи, токму на Фејсбук, кои помагаат многу бргу и некомплицирано. Тоа се прави преку курсеви за германски јазик, па сѐ до активности во слободно време. Така беше од самиот почеток, а и сега е уште така“, вели Маухер.

И покрај сѐ расположението е стабилно

Убиството на Марија Л. не е единственото нешто што го расколебува градот. Неколку недели по злосторството исчезна и една 27-годишна џогерка во гратчето Ендинген, во непосредна близина на Фрајбург. Четири дена подоцна беше пронајдено нејзиното безживотно тело. И таа била жртва на сексуално злосторство. Убиството не е разјаснето до денес. Ништо меѓутоа не укажува на тоа дека има некаква поврзаност со случајот на Марија Л. Особено жените во градот во моментов се чувствуваат загрозени. Многу од нив, според зборовите на Маухерс, веќе не одат да џогираат или во групи со велосипеди се враќаат по посетата на кино.

Berittene Polizisten patroullieren an sozialen Brennpunkten in Freiburg

Полицајци во патрола во квартовите на Фрајбург кои важат за „жаришта“

„Ова чувство на несигурност се создава веќе подолго време“, истакнува новинарот. Според него, во градот се зголемил бројот на дилери на дрога, но и на џепчии. „Тука за жал мора да се каже дека преовладувачки дел од нив се баратели на азил. И згора на тоа дојдоа и убиствата. Тоа веќе го менува расположението во градот“.

Огромно мнозинство од луѓето, кои во изминатите месеци како бегалци дојдоа во Фрајбург, меѓутоа, не прават никакви проблеми. Повеќето бегалци и самите се шокирани од убиството на Марија Л. и го осудуваат криминалот. Дали поради злосторство на поединец може да се преобрати расположението во Фрајбург?. „Фрајбург е либерален и отворен град и тоа не може да се промени толку брзо“, вели Махер и додава: „Но ако за мерило се земе интернетот, не би можел да го гарантирам тоа“.

 

DW.COM

Реклама