Златна треска - почнува потрагата по нацистичкото злато | Панорама | DW | 16.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златна треска - почнува потрагата по нацистичкото злато

Хоби-трагачите Пјотр Копер и Андреас Рихтер денеска во Полска почнуваат со потрага по наводен блиндиран германски воз од Втората светска војна, полн со злато и вредни предмети.

Загатката околу наводниот нацистички „златен воз“ во Полска може наскоро да биде решена. Денеска багери почнуваат со копање на теренот на познатата Зона 65 на железничката пруга меѓу градовите Вроцлав и Валбжих во Долна Шлезија во Полска.

Двоецот хоби-трагачи Пјотр Копер и Андреас Рихтер уште од лани тврди дека на оваа локација со помош на радар открил воз во подземниот тунел. Со децении кружат гласини дека на овој потег нацистите сокриле специјален воз со кој се транспортирало одземено злато и други вредни предмети пред надоаѓачката советска Црвена армија.

Приказната за возот со злато првпат се појави во 1970-те години, но, до денес нема цврсти докази, ниту поткрепа преку историски документи. Затоа, се претпоставува дека станува збор само за легенда. Сепак, двајцата хоби-трагачи лани предизвикаа медиумско внимание со тврдењето дека го лоцирале возот со помош на современа радарска техника.

Реклама