Златна монета од 100 килограми украдена од музеј | Панорама | DW | 27.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Златна монета од 100 килограми украдена од музеј

Од Музејот Боде во Берлин утрово е украдена златна монета со пречник од 53 сантиметри, вредна речиси четири милиони евра, со ликот на кралицата Елизабета Втора.

Полицијата потврди дека златната монета незабележано била изнесена од Музејот Боде во Берлин во раните утрински часови. Крадците веројатно влегле во музејските простории преку подвижна скала од блиското метро. Сѐ уште е нејасно како криминалците успеале да го избегнат вклучувањето на алармот и да ја транспортираат 100 килограми тешката монета со големина од автомобилско тркало. Златната монета со име „Биг Мепл Лиф“ има вгравирана симболична вредност од еден милион долари, во нејзината реална вредност изнесува околу 3,7 милиони евра. Поради високиот квалитет и чистотата на златото, таа е една од највредните златни монети во светот. Во Музејот Боде таа беше позајмен експонат, изложен од 2010. година.

Музејот Боде е дел од културното наследство на УНЕСКО, познат првенствено по збирките скулптури и слики од доцна антика со почетокот на 19. век, како и византиска уметност. 

Реклама