Златан Ибрахимовиќ, роден на 3 октомври 1981 година во Малме, Шведска, е шведски фудбалер и порашен репрезентативец. Во моментов настапува за екипата на Манчестер Јунајтед.
Ибрахимовиќ е роден во семејство на емигранти од поранешна Југославија. Неговиот татко е од Бијелина, а мајката од Задар. Кариерата ја започнува во локалниот тим на Малме, а уште како тинејџер се сели во холандски Ајакс. Оттаму кариерата ја продолжува во Италија, најпрво во Јувентус, па во Интер, а на крајот и во Милан. Две сезони минува во Барселона, а четири во Пари Сен Жермен.