Зимбабве, фамилијата Мугабе и украдените пари | Свет | DW | 23.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зимбабве, фамилијата Мугабе и украдените пари

За 37 години на власт поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство наводно одлеале речиси една милијарда американски долари и делумно ги префрлиле во странство.

Јужноафриканскиот жолт печат е полн со приказни за „неизмерното богатство" што Роберт Мугабе и неговото семејство го натрупале низ децениите. Неговите роденденски прослави чинеле и преку два милиони долари, од кои половина милион само за шампањ и кавијар. Колку точно поседуваат лакомиот поранешен претседател и неговата фамилија не се знае: проценките одат до една милијарда американски долари. Покрај неговиот дом со 25 спални соби во главниот град на Зимбабве, Хараре, во вредност од околу 8,5 милиони евра Мугабе поседува и луксузна вила во Хонгконг вредна повеќе од четири милиони евра - наводно една од омилените недвижнини на сопругата Грејс. Највредна меѓу недвижнините е палата Хамилтон во англиски Сусекс вредна повеќе од 40 милиони евра.

Дополнително има и 15000 хектари земја, дел од нив национализирани од земјоделци белци. Некои од фармите наводно се преобразени во приватни одморалишта. Освен тоа има и повеќе непробојни службени возила, меѓу кои и Мерцедес во вредност од еден милион евра, како и Ролс Ројс, скап накит, часовници, удели во дијамантскиот и други бизниси со природни ресурси.

Гучи Грејс": Ненаситната

Со скапи подароци Мугабе ја дарувал и неговата 40 години помлада сопруга Грејс. Заради нејзиниот екстравагантен начин на облекување ја викаат Гучи-Грејс. Во септември 2014-та таа јавно го бранеше сопругот и го нарече "најсиромашниот претседател на светот". Покрај убава облека, таа сака и накит: кога нарачаниот дијамантски прстен за 20-годишнината од бракот во вредност од 20 милиони американски долари не го доби на време, го тужеше либанскиот продавач на накит.

Двајцата синови на Роберт и Грејс Мугабе исто така живеат во луксуз. Чатунга Мугабе со години живееше во Пентхаус во Дубаи. Месечна кирија: 30 илјади евра. Потоа се пресели во елитната населба Ривонија во јужноафриканскиот главен град Јоханесбург за „само" 4 илјади долари месечно. По забавите што таму ги правел, брзо го избркале од станот. Вниманието го привлече и видео постара и на Инстаграм на кое што синот на Мугабе во клуб во Јоханесбург истура шампањ врз часовникот со дијаманти.

Екс-министерот за финансии прозборе

За време на неговото раководење со Министерството бил конфронтиран со коруптивниот систем на Мугабе, во интервју за ДВ се потсетува Тендај Бити, кој од 2009-2013 беше министер за финансии во владата на Морган Цвангираи

Системот на Мугабе не бил лимитиран на стариот претседател и на фамилијата: „Мојот проблем не беа само милионите кој Мугабе редовно си ги одолеваше, туку милијардите кои исчезнувања во други канали", вели Бити. „Денеска знаеме дека станува збот за околу 15 милијарди долари кои исчезнале само за времето кога јас бев министер". Истовремено парите недостигале за социјални проекти и потреби на секое ќоше; големи делови од населението и до ден денешен живеат во тешка беда.

„Една од најголемите задачи на идната влада на Зимбабве ќе биде да ги вратат украдените пари назад во земјата", вели Бити.

„Не би требало да е претерано тешко да се најдат банкарските сметки на Мугабе. Постојат меѓународни правила за транспарентноста на глобалните финансиски трансакции."

Добро скриени во даночни оази

Пол Холден, челник на британската невладина организација Corruption Watch UK пак смета дека ќе биде многу тешко да се следи патот на парите на Мугабе: „Дали парите ќе се вратат во Зимбабве зависи од многу фактори. Прво мора да се открие колкаво е богатството на Мугабе и каде точно се наоѓа", вели Холден, кој има јужноафриканско потекло, во интервју за ДВ. Веројатно голем дел од богатството се наоѓа во даночните оази. Дури и да се утврди каде се наоѓаат парите, отежнувачка околност е: доказот дека се работи за украдени пари.

Случаи од други земји покажуваат колку е тежок и долг процесот: некогашниот нигериски претседател Сани Абача за време на неговото владеење од 1993-1998 наводно одлеал до пет милијарди долари приходи од продажбата на нафта од земјата. „Дури по повеќе од 16 години можело да се врати мал дел од украдените пари во Нигерија", раскажува Холден.

Доаѓа ли по еден, нов деспот?

„Мојата надеж е дека соборувањето на Мугабе од власт е почетна точка за промена на Зимбабве од диктатура во демократска држава со слободно и силно граѓанско општество", вели Холден. Прашањето е сега дали заменикот на Мугабе, досегашниот потпретседател Емерсон Мнангагва е правиот човек да ги повлече тие промени.

„Мнангагва беше повеќе од 30 години близок на Мугабе и со тоа и на коруптивниот систем", смета Холден. „Повеќето набљудувачи се многу скептични дали навистина ќе биде значително различен од претходникот, или - како што често се случува - по еден деспот доаѓа другиот."


 

 

DW.COM

Реклама