Зима во април | Панорама | DW | 19.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зима во април

Во делови од Германија денеска паѓа снег. На повисоките места има мраз и температури до -10 степени Целзиусови. Студеното и влажно време, според метеоролозите, ќе потрае.

Според Германската метеоролошка служба снегот и студот се должат на фактот што Германија се наоѓа меѓу подрачје со висок и подрачје со низок притисок. Метеоролозите предвидуваат мраз и температури до -10 степени Целзиусови на повисоките места.

Врнежите на снег во текот на денот постепено ќе се намалуваат, но се предупредува на внимателност поради замрзнати патишта.

И во наредните денови ќе остане студено и влажно. Се очекуваат нови врнежи од дожд и снег.

Гледај видео 01:10

Зима во април

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама