Зехофер: Миграцијата е мајка на сите проблеми | Свет | DW | 06.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зехофер: Миграцијата е мајка на сите проблеми

Германскиот министер за внатрешни работи демонстрираше разбирање за демонстрантите во Кемниц-и самиот би излегол на протести. Тој предупреди од губење доверба во политиката кај граѓаните. Меркел му противречи

Сојузниот министер за внатрешни работи ги разбира демонстрантите во Кемниц, во денеска објавеното интервју за весникот „Рајнише пост“ тој изјави: „Да не сум министер, како граѓанин и јас би излегол на улица“, укажувајќи на создадениот револт кај народот по убиството на еден човек. Зехофер сепак врши ограничување - не би протестирал заедно со радикалите. Слична беше неговата изјава и на вчерашната партиска конференција на Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, каде истакна: миграцијата е мајка на сите проблеми, што го повторува денеска и во интервјуто во „Рајнише пост“, тврдејќи дека тоа е негов веќе три години непроменет став.

Гледај видео 01:36

Концерт против насилство и расизам во Кемниц

По убиството на 35-годишен Германец во саксонскиот град Кемниц, беа изведени неколку маршеви на десничарски групи, на кои се случија и расистички инциденти. Двајца баратели на азил се наоѓаат во истражен затвор поради делото, а полицијата трага по трет осомничен, Ирачанец.

Германската канцеларка има поинакво гледање на настаните во Кемниц: „Како реакција, истакнувам дека видовме слики на јасна демонстрација на омраза и прогонување на недолжни луѓе, од кои човек мора да се дистанцира,“ изјави вчера Ангела Меркел.

Повеќе: 

Победа на поени за десницата: Меркел предоцна оди во Кемниц

Одбрана на демократијата во Германија, АФД под надзор!

На различна бранова должина со Зехофер е и баварскиот премиер, негов сопартиец, Маркус Зедер: „Судирите во Кемниц се аларм за односот на државата и другите партии кон партијата Алтернатива за Германија, АфД, тие сведочат за нов квалитет.“

Генералниот секретар на СПД, Ларс Клингбајл го критикуваше Зехпфер дека тој самиот е „татко на бројни проблеми.“

  

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама