Зетот на Трамп добива нова функција | Свет | DW | 27.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зетот на Трамп добива нова функција

Американскиот претседател формира нова владина служба за намалување на бирократијата, која ќе ја раководи неговиот зет, Џеред Кушнер.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе ја претстави новата американска служба за иновации и намалување на бирократијата. Нејзината цел ќе биде пренесување на идеи од деловниот свет во работата на владата.

Во изјава за „Вашингтон пост“, Доналд Трамп ја објаснил мотивацијата: „Независно од политичката определба, за сите Американци е очигледно дека стагнирањето на владата ја спречува нашата способност за правилно функционирање“.

Весникот „Вашингтон пост“ го цитира и Џеред Кушнер, кој треба да ја води новата служба: „Владата треба да функционира по принципот на голема американска компанија. Се надеваме дека на нашите клиенти, американските граѓани, ќе им испорачаме успех и ефикасност“, изјавил Кушнер. 36-годишниот сопруг на ќерката на Доналд Трамп, Иванка, веќе ја извршува функцијата советник на претседателот и има значително влијание врз внатрешната и надворешната политика. Главниот стратег на Трамп, Стивен Бенон, според „Вашингтон пост“, нема да биде вклучен во новата владина служба, иако негова заложба е „демонтажа на административната држава“.

Во почетната фаза, новата владина служба планира да се зафати со проблемите на воените ветерани, како и со борба против зависноста од опојни средства. Освен тоа, се планира и подобрување на техничката инфраструктура на владините служби.

 

Реклама