Силен земјотрес во Грција | Свет | DW | 03.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Силен земјотрес во Грција

Силен земјотрес денеска ја погоди Грција, а засега нема информации за жртви. По првиот потрес, следуваа и силни афтершокови.

Greichenland | Erdbeben: Menschen in der Innenstadt von Larisa

Жителите на Лариса се на улиците

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централна и северна Грција. Илјадници луѓе избегаа на улица, јави грчката државна телевизија ЕРТ и порталите во погодените региони.

Според наводи на Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 10 километри под површината на земјата, во регионот на местото Еласона, во близина на градот Лариса. Потресот се почувствува во цела Грција, како и околните земји.

Полицијата и противпожарните служби, како и локалните власти, се во потрага по повредени лица, а ги регистрираат и материјалните штети. „Земјотресот беше многу силен и траеше долго“, рече регионалниот гувернер Костас Агорастос за грчката телевизија.

Населението во Лариса е повикано да не се враќа во домовите, поради силните афтершокови по првиот потрес, од кои два имаа јачина од 5 степени.

DW.COM