Земјотрес во Перу | Теми на денот | DW | 16.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Земјотрес во Перу

Силен земјотрес пред брегот на Перу синоќа предизвика голем страв меѓу населението од можноста од цунами. Потресот од кој загинаа најмалку 29 лица, имал јачина меѓу 7,5 и 7,7 степени според рихтеровата скала.

default

За среќа без цунами: дел од брегот на Перу

Како што јави дописникот на агенцијата Франс Прес од Лима, земјата се во главниот град на Перу се тресела скоро цела минута, што предизвикало паника меѓу населението. Се искршиле стакла на прозорците, паднале стебла, а на зградите се појавиле пукнатини. Извесено време биле прекинати телефонските линии, додека снабдувањто со вода не се прекинало, меѓутоа во повеќе места снемало струја. Министерот за здравство Карлос Ваљехо прогласил тревога од највисок степен. Предупредувачкиот центар за цунами за Пацифик, сместен во Ива Бич на Хаваи, дури процени дека потресот имал јачина од 7,9 степени. Според американскиот институт за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот бил во морето, 145 километри југоисточно од Лима, на далбочина од 40 километри. Како што соопшти шефот на перуанската служба за спасување, Карлос Кордова според првите сознанија, загинале најмалку 29 лица, додека 250 се повредени. Претседателот на Перу Алан Гарсија изјави дека со оглед на размерите на потресот, за среќа немало многу жртви.

Предупредувачкиот центар на Хаваи, најнапред упати предупредување од цунами, за потоа да ја повлече тревогата и тоа важи како за Перу, така и за соседните Чиле, Еквадор, Колумбија, Панама и Коста Рика. Можат да здивнат и луѓето во Никарагва, Гватемала, Салвадор, Мексико и Хондурас.