Земјотресот во Индонезија заглави стотици планинари кај активен вулкан | Свет | DW | 30.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Земјотресот во Индонезија заглави стотици планинари кај активен вулкан

Наноси и кал им го пресекоа патот на над 500 планинари на индонезискиот остров Ломбок. Еден ден по земјотресот се прават обиди за нивно спасување. Акцијата не е едноставна.

Indonesien Lombok Vulkan Rinjani (picture-alliance/dpa/C. Mohr)

Вулканот на планината Ринџани

По тешкиот земјотрес на индонезискиот туристички остров Ламбок, неколку стотици планинари се заглавени кај еден активен вулкан. Погодени се 560 туристи и планинарски водичи, соопшти шефот на националниот парк Ринџани, Судијоно. Патот на туристите им го пресекле кал и други наноси, предизвикани од земјотресот. Планинарските патеки се блокирани. Испратени се хеликоптери и спасувачки екипи кои ја пребаруваат планината Ринџани.

Според досегашните информации, меѓу планинарите има голем број туристи од Франција и Холандија. Засега нема информации за заглавени германски туристи.

Indonesien Lombok Rettungsaktion für Wanderer (picture-alliance/AP Photo)

Спасувачките екипи имаат тешка задача

Во земјотресот кој вчера го погоди соседниот остров Бали, загинаа најмалку 14 лица. Меѓу загинатите е и најмалку една туристка, за која се вели дека е 30-годишна жена од Малезија. Најголемиот дел од жртвите се мештани. Оштетени се повеќе од илјада објекти, од кои голем дел се сосема уништени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, кој е геолошки најактивна зона на Земјата. Таму постојано има земјотреси и ерупција на вулкани.

Реклама