Зеленски и цената на мирот | Свет | DW | 13.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зеленски и цената на мирот

На самитот во т.н. Нормандиски формат во Париз, украинскиот претседател Володимир Зеленски доби многу пофалби за неговите напори за мир. Наскоро ќе се одлучи колку далеку сака – и може да оди.

Петок е, три дена пред Самитот за источна Украина во Париз. Украинскиот претседател настапува на една телевизиска емисија под наслов „Воломидир Зеленски во потрага по мирот". 41-годишниот државник влегува одлучно во маслинасто зелени панталони и топла тренерка во студиото и се извинува со насмевка за неговиот изглед: „Немав време да се пресоблечам, бев на фронтот." Во Париз сакал да дознае „дали навистина сите ние сакаме чекор по чекор да ставиме крај на оваа тажна војна", вели тој. Се мисли на рускиот претседател Владимир Путин со кого Зеленски заедно со канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во т.н.Нормандиски формат за прв пат ќе се сретне во живо на самитот во Париз.

Мир како налог од гласачите

Средбата на 9 декември во Елисејската палата на крајот траеше повеќе од 9 часа, во кои влегува и пресконференцијата. Договорен е нов круг примирје, размена на затвореници до крајот на годината, како и повлекување на силите од три пункта до март 2020. Сепак, клучно изгледа е преземањето на обврските од Договорот од Минск, со кој требаше да биде прекината војната во богатата со јаглен област околу Донбас уште во 2015 година, но до сега не беше исполнет. Мирот беше воедно едно од централните ветувања на поранешиот телевизиски продуцент, глумец и комичар Зеленски кога пред речиси една година, на 31 декември 2018 ја најави својата кандидатура. Во неговата изборна програма вети дека „ќе ја заврши војната, ќе ги врати времено окупираните региони и дека ќе го натера окупаторот да даде отштета за загубите."
Зеленски победи на претседателските избори пролетоска со рекорден резултат. И неговата нова партија „Слуги на народот" профитираше од неговиот имиџ и во летото доби апсолутно мнозинство. Со поддршка каква што ретко кој украински претседател уживал, Зеленски од тогаш е под притисок од очекувањата на неговите сограѓани. Копнежот за мир по пет години војна во украинското општество е многу голем. 71 процент на испитаниците во една анкета од крајот на август се изјасниле дека примирјето е најважната задача на новиот претседател.

Ukraine Wolodymyr Selenskyj, Präsident & Donald Tusk, EU-Ratspräsident (Reuters/Ukrainian Presidential Press Service)

Володимир Зеленски и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск во посета на областа Луганск, јули годинава

Придвижување во мировниот процес

Навистина нешто се помрдна, особено на украинска страна и тоа во правец назад. Зеленски раскрсти со воената реторика на неговиот претходник Петро Порошенко. Пред самитот во Париз ги прифати барањата на Русија и нареди повлекување на украинските сили од три пункта, без да чека на комплетно и трајно примирје. Конечно, Зеленски прифати и услов од Владимир Путин и дозволи Украина да ја потпише т.н.„Формула на Штајнмајер" која го регулира фактичкиот автономен статус на сепаратистичките области Доњецк и Луганск во поглед на локалните избори. Меѓу другото и за ова во Париз тој доби пофалби од Меркел и Макрон. Истовремено медиумскиот професионалец Зеленски се инсценираше како претседател на мирот. Кон крајот на октомври годинава беше емитуван 23 минутен документарец под насловот „Уште само еден чекор до мирот". Продукцијата која очигледно е изработена по налог на луѓето околу претседателот, го портретира Зеленски како народен миротворец. „Создадете мир за нас", го моли во филмот една постара жена.

Моментот на вистината следи во 2020

Поголемиот дел од аналитичарите потврдуваат дека Зеленски навистина има волја да и` стави крај на војната, но неговиот маневарски простор е ограничен. Досегашното искуство покажува дека Зеленски може да постигне успех само ако е вклучен и Путин, како на пример при размената на затвореници во септември - иако размената не беше еднаква, бидејќи Русија меѓу другото ги ослободи и украинските морнари кои според одлуката на ООН секако требаше да бидат ослободени.

Повеќе: 

Самит за Украина според руски вкус

Огромни очекувања од самитот за Украина во Париз

Има ли право Трамп? Што прави Германија за Украина?

Украина раскрсти со старите политичари и партии

Дел од украинското општество стравува од постепена капитулација спрема Русија и излегување на улиците како пред самитот во Париз. И опозициските партии се обидуваат со протести да извршат притисок врз Зеленски.

Доколку примирјето договорено во Париз се одржи, тоа ќе биде голем успех за Зеленски. Бројни досегашни обиди не беа успешни. Но, потоа за украинскиот претседател следува моментот на вистината. Украина во Париз повторно се обврза дека ќе ги спроведе политичките аспекти од договорот во Минск. Парламентот во четвртокот презеде чекор во таа насока, продолжувајќи го за една година Законот за специјален статус за сепаратистичките области. Притоа неопходно е скоро да се преговара за нов договор со сепаратистите и да се изгласа нов закон, што е многу контроверзна тема во Украина.

Подготовките за избори во сепаратистичките области, кои Зеленски ги планира за крајот на октомври 2020 година, најверојатно ќе го загрозат и онака кревкиот мир исто како во случајот кога Порошенко во август 2015 година се обиде да спроведе уставни промени кои предизвикаа крвави протести пред парламентот во Киев, во кои имаше и жртви.

 

DW.COM

Реклама