1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Der ukrainische Präsident Selenskyj gibt in Kiew eine Erklärung ab
Фотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

Зеленски го нападна НАТО: Вие сте слабаци

БГ /АФП
5 март 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше НАТО поради одбивањето да се воспостави зона на забранети летови над неговата земја и да се спречи руската агресија од воздух.

https://p.dw.com/p/4831N

Во петокот, НАТО одби да воспостави зона на забранети летови над Украина, и покрај повеќекратните барања на Киев за такво нешто. Западните сојузници сепак го предупредија рускиот претседател Владимир Путин од нови санкции доколку не ја сопре војната. 

„Знаејќи дека нови напади и жртви се неизбежни, НАТО свесно одлучи да не го затвори небото над Украина“, порача Зеленски во петокот во драматична изјава.
„Веруваме дека самите НАТО членки креираа наратив според кој затворањето на небото над Украина ќе испровоцира руска агресија врз НАТО“. 
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер изјави дека алијансата нема да интервенира во конфликтот затоа што стравува од директен судир со Москва кој би можел да прерасне во поширок конфликт. 

„Единствениот начин да се имплементира зона на забранети летови е да се испратат авиони на НАТО на украинското небо и потоа да се уриваат руски авиони“, изјави Столтенберг по итната седница. 

„Доколку го сториме тоа, ќе имаме целосна војна во Европа која ќе вклучи уште многу земји и ќе доведе до уште поголемо страдање“. 

Но Зеленски инсистира дека седницата на НАТО било „слаб самит и збунувачки самит“. 

„Сите луѓе кои ќе умрат од денеска ќе умрат заради вас. Поради вашата слабост, поради вашата отуѓеност“, рече украинскиот претседател. 

„Денеска, раководството на алијансата даде зелено светло за натамошно бомбардирање на украинските градови и села, со одбивањето да воспостават зона на забранети летови“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Nord-Mazedonien | Feierlichkeiten zum 151 Geburtstag von Goce Delcev (Goce Delchev)

Одбележување на роденденот на Гоце Делчев во тензии

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница