1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Зелените одбиваат построг закон за азил кој го погодува и Балканот

АТ/ дпа/кна/афп
23 август 2014

Зелените, според зборовите на шефот на нивната пратеничка група во Бундестагот, Антон Хофрајтер, во Бундесратот нема да гo одобрат заострувањето на законот за азил. Во Берлин се бара компромис.

https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B3-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BB-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82/a-17873343

Партијата на Зелените, која е застапена во повеќе покраински влади, во Бундесратот може да го блокира планираното заострување на законот за азил. Категоризирањето на Србија, Македонија и Босна и Херцеговина во сигурни земји на потекло, во формата како што ја усвои Бундестагот, нема да добие одобрување од Зелените, изјави шефот на нивната пратеничка група во Буденстагот Антон Хофрајтер денеска (23.08) за Зидвеструндфунк (СВР). Пред сѐ Ромите таму живееле „под делумно страшни услови“. Со шефот на кабинетот на канцеларката Петер Алтмајер меѓутоа се воделе преговори за да се постигне компромис.

Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) ги повика покраините во кои власта е во рацете на социјалдемократите и Зелените да дадат согласност за законот кој го предложи германската влада. Генералниот секретар на ЦСУ Андреас Шојер за денешното издание на „Берлинер цајтунг“ изјави: „Мораме повеќе да се концентрираме на оние кои вистински се прогонувани, на пример бегалците од Сирија или Авганистан“. Шојер дополни: „Германија не може да ги реши сите катастрофи во светот со прифаќање бегалци“.

Во јули годинава Бундестагот со мнозинство гласови од пратениците од партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) донесе одлука Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да бидат прогласени за „сигурни земји“. Со тоа значително ќе им биде олеснета работата на надлежните власти да ги одбиваат барањата за азил на бегалците од овие земји, кои во голем дел се Роми.

Гласањето во Бундестратот треба да се одржи на 19. септември. За законот да биде усвоен, потребни се 35 од 69 гласови во Бундесратот. Партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД во Бундесратот имаат вкупно 31 гласови. Затоа, за да се усвои заострувањето на законот за азил ќе бидат потребни и гласовите од најмалку една покраина, во која на власт се левичарите или зелените.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Членството во Европската политичка заедница не е замена за членството на С.Македонија во ЕУ, во повеќе наврати беше нагласено во Брисел

Прашки самит, европска зима и македонски очекувања

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница